Изберете една од 11-те акредитирани 4 годишни студиски  програми со што ќе се стекнете со 240 ЕКТС кредити


...

Станете Магистер по машински науки со избор на втор циклус редовни студии во девет студиски програми или вонредни студии  во шест студиски програми, во согласност со Болоњските...

Докторските студии се наша определба за образување на висококвалитетни кадри од областа на инженерството со компетенции за научно-истражувачки, развојни и иновативни активности...

Машинскиот факултет е носител на научно-истражувачката дејност од областа на машинската струка и претставува центар за развој на науката, научната мисла и примената на науката...

Ottawa Online Casinos — Here is an overview of the gaming scene in this city, as well as a sneak-peek into the best online casinos in Canada.

 

Машински факултет - Скопје

ОКТА АД – Скопје и оваа година отвори конкурс за стипендии за постдипломски студии дома и во странство.

Скопје, 30.03.2026 - Компанијата осма година по ред објавува повик за доделување стипендии за постдипломски студии за академската 2026/2027 година. Во овој нов повик, зголемен е бројот на академските области за аплицирање, а дополнет е и со  можноста за делумно покривање на трошоците за живот во согласност со однапред утврдени критериуми. ОКТА АД – Скопје продолжува со својата долгорочна посветеност за поддршка на образованието и развојот на млади професионалци. 
Во рамки на Програмата за стипендии на ОКТА АД – Скопје, членка на Групацијата HELLENiQ ENERGY, и оваа година ќе бидат доделени две стипендии за редовни постдипломски студии, со максимално времетраење од две години. Едната стипендија е наменета за студии во странство, со можност за аплицирање на универзитети низ Европа, Северна Америка и Австралија, додека втората стипендија се однесува на студии во Република Северна Македонија. 

„Во ОКТА, веруваме дека образованието е една од најзначајните инвестиции во иднината која не се однесува само на поединците, туку и на општеството и економијата во целина. Преку нашата програма за стипендии за постдипломски студии, ја поддржуваме следната генерација професионалци, кои преку своето знаење, креативност и посветеност ќе донесат иновации и високи достигнувања во своите области. Оваа иницијатива е доказ за нашата долгорочна заложба за развој на човечкиот потенцијал и за поттикнување на академската извонредност, како и на одржливиот развој на нашата индустрија и општеството“, изјави Димитриос Пасхос, главен извршен директор на ОКТА АД - Скопје.

Оваа година, можноста за аплицирање е проширена на кандидати од различен спектар на академски области. Првата е инженерство и енергетика, каде влегуваат трансформација на енергијата, обновливи извори, алтернативни технологии, напредни енергетски материјали за производство и складирање енергија, како и нафтено инженерство. Втората област е дигитална трансформација, која опфаќа програмирање, мрежи и комуникации, анализа на податоци за вештачка интелигенција, сајбер безбедност и интелигентна автоматизација. Секторот за животна средина е третата област, каде се изучуваат климатски промени, екосистеми, одржлив развој, паметни градови и локален развој. И четвртата област е економија и менаџмент, кој содржи енергетска економија, биоекономија и циркуларна економија, енергетски мрежи и енергетска геополитика, управување со енергетски проекти, маркетинг, комуникации и односи со јавноста, правни студии и управување со човечки ресурси. Кандидатите можат да аплицираат само за еден од овие сектори. Дополнително, програмата за стипендирање за оваа година, отвора можност и за покривање на дел од трошоците за живот во согласност со однапред определени критериуми.

Апликациите се поднесуваат исклучиво онлајн, преку платформата: https://scholarships.helleniqenergy.gr/rnm , каде може да се најдат сите информации и критериуми поврзани со Програмата за стипендии за втор циклус на студии. Крајниот рок за поднесување на апликациите е 18 мај 2026 година.

Програмата за стипендии е дел од стратегијата на ОКТА за корпоративна одговорност, во рамки на која поддршката на образованието е еден од клучните приоритети, и се спроведува во согласност со стратегијата на Групацијата за зајакнување на младите и поддршка за постдипломски студии на стипендисти од земјите каде што работи. Во периодот од 2017 до 2025 година компанијата има доделено вкупно 44 стипендии за постдипломски студии, од кои 43 национални и една меѓународна, со што директно придонесува кон развојот на високообразован кадар во земјава и пошироко.

 

Стипендии

Повик за аплицирање за стипендии во академската 2026/2027 година

Ве известуваме дека Италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка објави повик за аплицирање за стипендии во академската 2026/2027 година, наменети за странски студенти и италијански државјани кои живеат во странство.

Повеќе информаци може да се најдат на следниов линк:

https://ambskopje.esteri.it/mk/news/dall_ambasciata/2026/03/bando-per-borse-di-studio-2026-2027-offerte-dalla-farnesina-per-studenti-stranieri-e-italiani-residenti-allestero/

Напоменуваме дека краен рок за поднесување на апликациите е 26 март 2026 година.
Стипендии

ERASMUS+ Соопштение 19.03.2026

Конкурс за студентска мобилност за зимскиот семестар во академската 2026/2027 година во рамки на ЕРАЗМУС+ програмата

Активен е новиот конкурс за студентска мобилност за зимскиот семестар во академската 2026/2027 година. Студентите треба да ги достават апликациите во 3 примероци (еден за студентот, еден за Еразмус+ координаторот и еден за Универзитетот) до Еразмус+ координаторот надоцна до 17 април 2026 г. Една апликација треба да ги содржи следниве документи:

  • пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
  • уверение за положени испити на македонски јазик; 
  • уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ-универзитетот, издадена  од признат центар/школа за странски јазици;
  • уверение за редовен студент - запишан семестар/година (на македонски јазик);
  • кратка биографија (Europass model);
  • мотивациско писмо.

Задолжително:

за студентска мобилност за студирање:

  • договор за студирање (Learning Agreement for studies), во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и  факултетот во странство (минимум 20 ЕКТС- максимум 30ЕКТС).

Learning Agreement исто така треба да се изготви онлајн https://www.learning-agreement.eu/ по што се генерира во платформата EWP Dashboard. Понатаму, при изготвувањето на договорот за студирање треба да се изберат предмети кои ќе бидат признаени по враќањето на студентот, односно компатибилни предмети од наставната програма на двата факултета, бидејќи потпишаниот LA, односно одобрениот ОLA гарантира дека избраните предмети со број на ЕКТС ќе бидат признаени.

       При избор на универзитет за мобилност задолжително да се внимава на рокот за номинирање за зимскиот семестар во академската 2026/2027 година, наведен на официјалната веб-страница на странскиот универзитет.

Студентите треба да достават валидна диплома за познавање на странскиот јазик на кој се изведува наставата.

Сите дополнителни информации и формулари за пријавување и листа на потпишани Еразмус+ билатерални договори може да ги побарате на интернет-страницата на Универзитетот под: Меѓународна сорабoтка – Еразмус+ мобилности – ERASMUS+ - Документи за студентска мобилност (https://ukim.edu.mk/studenti/mobilnosti/erazmus/).

За дополнителни информации и поддршка, обратете се до Координаторот за Еразмус+ при Машински факултет - Скопје: доц. Д-р Елена Ангелеска (elena.angeleska@mf.edu.mk).

ERASMUS+

СОРАБОТКА СО М6 ЕДУКАЦИСКИ ЦЕНТАР И ПОДДРШКА НА НАТПРЕВАРОТ ЗА СРЕДНИ УЧИЛИШТА „Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2026“

Со големо задоволство ја објавуваме информацијата дека Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, вчера потпиша меморандум за разбирање со М6 едукативниот центар со кој се поставуваат темелите за заедничка соработка на повеќе полиња, вклучувајќи:

Team4win

🚀 Дали сте подготвени за нов студентски предизвик?
Со големо задоволство ви го најавуваме Project4Win, овој пат во соработка со Lear! 🔥
👉 Креирајте тим
👉 Подгответе се за тимска работа, креативност и реални предизвици
👉 Следете нè – наскоро откриваме повеќе детали
Ова е вашата шанса да покажете што знаете и да победите! 💡🏆

 

TEAM4WIN НАТПРЕВАР

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Машински факултет – Скопје  во соработка со LEAR Corporation  распишува отворен повик за учество на натпревар за развивање на инженерско решение за проблем дефиниран од страна на компанијата.

Натпреварот Team4Win e продолжување на серијата вакви натпревари кои имаат за цел да ги развијат практичните инженерски вештини на студентите, способноста за решавање на проблеми како и многу дружење, забава и нови искуства.

Повикот за пријавување на натпреварот трае до 25.02.2026 година.

Пријавувањето на натпреварот е во тимови, од најмногу 4 члена за студентите од сите студиски програми и сите години на Машинскиот факултет – Скопје. Се препорачува членовите од тимот да бидат од најмалку три различни студиски програми.

Исто како и на претходниот натпревар, трите најдобри тимови ќе бидат наградени од страна на спонзорот на натпреварот.

 

Пријава за учество на натпреварот TEAM4WIN

Fill in form

 

 

 

 

 
Соопштенија за студенти

ETF Green SKILLS Award 2025

Искрени честитки до Професорот Радмил Поленаковиќ и неговиот тим од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за освоеното прво место на Натпреварот за зелени вештини - ETF Green Skills Award 2025. Натпреварот веќе петта година по ред го организира Европската тренинг фондација од Торино, Италија (European Training Foundation – ETF, https://www.etf.europa.eu/en/what-we-do/etf-green-skills-award) со цел да промовира меѓународни успешни примери кои ја зајакнуваат зелената транзиција. ETF е организација на Европската унија која го поддржува развојот на вештини и компетенции, кај младите и возрасната популација, промовирајќи го принципот на учење во текот на целиот живот.

„Натпреварот за најдобар бизнис концепт за зелени иновации“, за средни училишта кој на Машинскиот факултет се организира веќе 18 години, во конкуренција на 250 меѓународни добри практики кои доаѓаат од 50 земји, е победник на овогодинешниот ETF Green Skills Award 2025.

Видеото со кое учествуваше Македонија, односно нашиот тим на меѓународниот натпревар, може да се погледне на: https://www.youtube.com/watch?v=yUCvfui7MWE

Подетални информации за Наградата и натпреварот може да се најдат на официјалните портали на делегацијата на Европската унија во нашата земја:

EUD X: https://x.com/AmbassadorEU/status/2018316467326898568?s=20

EUD Bluesky: https://bsky.app/profile/euwithmk.bsky.social/post/3mdv3a47pls2w

Средните училишта веќе може да аплицираат на „Натпреварот за најдобар бизнис концепт за зелени иновации за 2026 година“ на следниот линк: https://forms.gle/MhQDpghhnZgnSM716

 

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top