Програма: ERAMUS+ KA3
Наслов на проектот: Европска платформа на одличност за зелени иновации за стручно образование и обука
Акроним: GREENOVET
Географски фокус:
Австрија (Штаерска)
Финска (Васа)
Северна Македонија (Скопје)
Португалија (Лерија)
Водечки партнер (апликант): Универзитет за применети науки FH Joanneum Грац, Австрија
(Временска рамка): 2021 - 2025
Резиме:
Проектот GREENOVet ќе продуцира формирање на Центри за извонредност во стручно образование и обука во областа на зелените иновации низ цела Европа, овозможувајќи иновативна, инклузивна и одржлива економија. Покрај тоа, проектот ќе обезбеди платформа за меѓусебно поврзување на европските училишта за стручно образование и обука на регионално, национално и интернационално ниво, со вклучување на клучните партнерите во локалните и регионалните екосистеми за иновации и вештини.
Ваквата цел ќе се постигне преку формирање на Центри за стручна извонредност (CoVEs) во 4 региони: Австрија (Штаерска), Финска (Васа), Северна Македонија (Скопје), Португалија (Лерија). Овие центри ќе го насочат знаењето, ресурсите и инфраструктурата на клучните засегнати страни во развојот на екосистемите за зелени вештини, придонесувајќи за регионалниот развој. Центрите ќе го поттикнат еколошкиот, социјалниот и економскиот развој во Европа, преку зелени и одржливи процеси на иновации овозможени со извонредност во делот на стручно образование и обука.
Во рамките на проектот, овие Центри ќе ги развијат своите капацитети преку обуки и студиски посети. Повеќе од 4 програми за обука ќе бидат сертифицирани и понудени на проектните партнери и сите чинители на проектот. Севкупно, повеќе од 40 наставници/обучувачи ќе бидат обучени да обезбедат извонредност во наставата од аспект на стручните и клучните зелени компетенции, а ќе бидат имплементирани и повеќе од 8 проекти со компании. Така, ќе се стимулира вработливоста на учениците кои учат во средното стручно образование со цел да се подготват за новите услови на пазарот на трудот преку развој на иновативен, претприемнички и проактивен менталитет на младите (со фокус на зелени технологии).
Заедно со развојот на Центрите за извонредност ќе се развиваат и нивните регионални мрежи и платформата за меѓу регионална и интернационална соработка, со цел да се обезбеди одржливост на субјектите, што пак е еден од најголемите приоритети на проектот. За време и по спроведувањето на проектот, ќе се спроведе континуирана проценка и мониторинг на процесите, услугите и инструментите на Центрите.
Специфични цели:
Да се развие одржлива платформа за соработка на Европски Центри за извонредност во стручно образование и обука во областа на зелените иновации
- Да се воспостават 4 целосно функционални и меѓусебно поврзани Центри за извонредност во стручно образование и обука во областа на зелените иновации, вградени во локалните екосистеми за иновации и вештини
- Да се создадат 4 европски регионални центри за сервисни модели за развој на зелени иновации
- Да се овозможат зелени технолошки проекти спроведени од студенти во средно и високо образование заедно и во меѓусебно поврзани сценарија за стручно образование и обука
- Да се обезбеди меѓународна соработка и платформа за споделување на стручна извонредност во еко иновации меѓу клучните засегнати страни
- Да се воспостават (и зајакнат) иновативни наставни методи и трендови на едукација на стручно образование и обука преку центрите
- Да се приближат еко можностите за иновации до пошироката јавност во Европа.
- Да се зајакне вработливоста и подготвеноста за претприемништво на учениците од стручно образование и обука, нивно подготвување и нивно поврзување со пазарот на трудот
- Да се прилагодат техничките, педагошките и дидактичките вештини на наставниците/обучувачите за стручно образование и обука на претстојните еколошки, социјални и економски предизвици