Мисија, визија и политика за квалитет
Мисијата на Машинскиот факултет во Скопје, препознавајќи ги потребите на нашето општество, се состои од:
- Следење чекор со најновите достигнувања во науката и технолошкиот развој, како и нивен трансфер во насока на подобрување на конкурентноста на македонското општество, прекуобезбедување на
- Квалитетен инженерски кадар кој успешно ќе се соочи со предизвиците на новото време и технологии
- Плодна соработка со македонските претпријатија на трансфер на знаења и соработка на научноистражувачки и апликативни проекти
Визијата на Машинскиот факултет во Скопје е да биде лидер во областите на своето делување во земјата и во регионот.
Основна определба е задоволството на клиентите, преку што се гледа и севкупниот напредок на институцијата. Таа определба не е само формална туку е поткрепена со соодветно развиени процедури во системот за менаџмент на квалитетот.
За реализирање на своите мисија и визија, Машинскиот факултет во Скопје ја донесува следната
Политика за квалитет
Политиката за квалитет ја креира, спроведува и одржува врвното раководство на Машинскиот факултет во Скопје, во интензивна комуникација со сите компетентни лица и истата е прифатена и обврзувачка за сите вработени. Таа ги респектира барањата на стандардот ISO 9001:2008, да биде во согласност со целите и контекстот на организацијата и да ги поддржува нејзините стратешки определби. Политиката за квалитет јасно ги покажува заложбите на организацијата за остварување на задоволството на клиентите, преку постојано подобрување на системот за менаџмент на квалитетот.
Респектирајќи го претходното, дефинирани се следните цели на политиката за квалитет:
- Зголемувaње на бројот на објавени научни статии
Конкретна цел: годишно зголемување на бројот на објавени научни статии за 10%
- Зголемување на задоволството на тековните студенти
Конкретна цел: годишно зголемување на задоволството на студентите за 2%.
- Постојано унапредување на присуството во нашето стопанство преку апликативно-развојни проекти
Конкретна цел: годишно зголемување на бројот на проекти за 5%
Скопје, 12.11.2015 Декан
Проф. д-р Атанас Кочов