Дали сте академски лидер или се стремите да станете? Дали сте заинтересирани да придонесете кон обликувањето на иднината на високото образование, зајакнувањето на стратешкото лидерство и поттикнувањето на иновациите во вашата институција?
Во рамки на проектот TECHSIGHT е развиен Курс за лидерство во високото образование (HEI Leadership Course), кој нуди вредни сознанија и практични пристапи за стратешко лидерство, трансформација кон универзитети од четврта генерација и соработка меѓу факултетите во областа на длабоките технологии (Deep Tech).
Во моментов се достапни првите три епизоди од курсот, кои обработуваат клучни концепти и пристапи за успешно управување со институционалните промени, зајакнување на академското лидерство и развој на иновациски екосистеми во високото образование.
Погледнете ги достапните епизоди:
Наскоро следуваат и нови епизоди!
За да бидете во тек со следните епизоди и да откриете дополнителни ресурси наменети за сегашните и идните академски лидери, следете го проектот TECHSIGHT на LinkedIn и на официјалниот YouTube канал.
Република Македонија во проектот TECHSIGHT е претставена преку Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), со учество на Машинскиот факултет и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).
Преку учеството во проектот, како и преку поддршката на иницијативата за развој на Иновацискиот дистрикт во Скопје, УКИМ активно придонесува кон зајакнување на меѓуинституционалната соработка, размената на знаења и поттикнувањето на иновациите во високообразовниот екосистем.
