Ottawa Online Casinos — Here is an overview of the gaming scene in this city, as well as a sneak-peek into the best online casinos in Canada.

 

Изберете една од 11-те акредитирани 4 годишни студиски  програми со што ќе се стекнете со 240 ЕКТС кредити


...

Станете Магистер по машински науки со избор на втор циклус редовни студии во девет студиски програми или вонредни студии  во шест студиски програми, во согласност со Болоњските...

Докторските студии се наша определба за образување на висококвалитетни кадри од областа на инженерството со компетенции за научно-истражувачки, развојни и иновативни активности...

Машинскиот факултет е носител на научно-истражувачката дејност од областа на машинската струка и претставува центар за развој на науката, научната мисла и примената на науката...

Машински факултет - Скопје

МФС целосно го префрла наставно образовниот процес online

Почитувани,

Сакаме да Ве известиме дека наставата на факултетот во следниот период ќе се одвива online. До сега истражувавме и тестиравме неколку системи. Како најсоодветна се покажа алатката Microsoft Teams од Office365 пакетот што веќе го користи Машинскиот факултет – Скопје.

За таа цел:

  1. Инсталирајте ја алатката Microsoft Teams. Туториал
  2. Креирајте @students.mf.ukim.mk e-mail адреса, доколку не сте го направиле тоа до сега, комплетен линк со сите упатства и видеа  или PDF
  3. Следете ги упатствата од професорите за како да се одвива наставата по секој предмет
  4. Проверувајте маил почесто

Ви посакуваме успешна работа.

СООПШТЕНИЕ УКИМ

Во врска со препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, како и врз основа на препораките на Владата на Република Северна Македонија и другите овластени органи во државата, за заштита на населението од вирусот Ковид-19 и за превенција од ширење на вирусот, Централната стручна и административна служба – Ректорат на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје воведува нов времен режим на работа со странки.

Ги замолуваме сите единици во состав на УКИМ, како и сите граѓани кои имаат потреба од контакт со Ректоратот на УКИМ да не контактираат на:

02 3293 293

ukim@ukim.edu.mk

http://ukim.edu.mk/

️Сите хартиени барања и документи да се доставуваат електронски на адресите на раководителите на одделенијата:

На линкот, во менито Органи и тела на УКИМ, во подменито Стручна служба се дадени електронските адреси на сите раководители на одделенијата.

Средбите и состаноците ќе се одржуваат телефонски.

Ви благодариме на разбирањето, заедно да придонесеме во зачувување на јавното здравје!

 

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ !!!

Почитувани,

Согласно заклучоците на Комисијата за заразни болести и одлуката на Владата на Република Северна Македонија, Ве информираме дека на Машински факултет – Скопје нема да се одржува настава во следните 14 дена, почнувајќи од 11.03.2020 година

Во наредните 14 дена Ве молиме континуирано да ја следите веб-страницата на Факултетот и Вашите e-mail адреси каде што ќе бидете информирани за сите дополнителни информации кои се однесуваат на оваа одлука.

Со почит, Деканат

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ

Се замолуваат сите студенти на Машински факултет - Скопје, да постапат согласно НАСОКИТЕ НА ВЛАДАТА ЗА ИТНО ПОСТАПУВАЊЕ кои се во прилог и да ги достават бараните податоци до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

 
Со почит, Деканат
Соопштенија за студенти

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top