Изберете додипломски студии: 4-годишни академски студии и добијте звање Дипломиран машински инженер или 3-годишни академски студии и добијте звање Дипломиран инженер по...

Станете Магистер по машински науки со избор на втор циклус редовни студии во девет студиски програми или вонредни студии  во шест студиски програми, во согласност со Болоњските...

Докторските студии се наша определба за образување на висококвалитетни кадри од областа на инженерството со компетенции за научно-истражувачки, развојни и иновативни активности...

Машинскиот факултет е носител на научно-истражувачката дејност од областа на машинската струка и претставува центар за развој на науката, научната мисла и примената на науката...

Машински факултет - Скопје

Програма за стипендии на германското стопанство за 2021 година

Почитувани партнери, пријатели, соработници,

 

ни претставува голема чест да Ве информираме дека Одборот на германското стопанство за источните земји и  Делегацијата на германското стопанство во Северна

Македонија ја спроведуваат програмата за стипендии на Германското стопанство за 2021 година. Целта на оваа програма е да обезбеди практична работа за квалификувани кандидати од Северна Македонија во најуспешните германски компании, во период од 3 до 6 месеци. Оваа програма е поддржана од Владата на Сојузна  Република Германија, која воедно ги покрива и трошоците за спроведување на истата. Праксата во компаниите започнува на 01 јули 2021!

 

МКD 2021 Internship Programme of German Business

 

Промотивен материјал 2021 Internship Programme of German Business

 

Во прилог Ви ги испраќаме основните податоци кои треба да бидат задоволени од потенцијалните кандидати, рокот на пријавување е заклучно до 16. ноември 2020 година на следната интернет страница:

https://www.djindjic-stipendienprogramm.de/

 

Стипендии

Студентски проекти 2019/2020

 

Project HUB Impact 2020

Exceptional makes memorable

 

Уште една година студентите на Машинскиот Факултет - Скопје покажаа дека со труд, желба и посветеност, секој предизвик е возможно да се освои победнички.

Видете ги продуктите од успешно завршените проекти преку видео презентациите

 

 

Роботска рака – тип SCARA

Развој на модел на простетска рака

Drones Rule Everything Around Me (D.R.E.A.M)

Crash Test - How it’s Done?

SMART CITY концепт

Пловен објект на магнетохидродинамички погон

Почнавме подготвени и ентузијастични со одличен тек и спроведување на активностите, минувајќи низ разни пречки и предизвици од кои учиме за животот и професијата, се соочивме со виша сила врз која никој не може да има контрола, и излеговме победници од целокупниот процес.

Заслугата најмногу оди на нашите студентите кои ја имаа главната улога, а и со која успеаа да се справат на различни начини за сепак на крај да се добие одличен резултат.

 

 

Видете ги проектите на Instagram

Покрај работата на проектите, студентите имаа прилика да проследат и предавања од различен карактер, посветени на личен развој и развивање дополнителни способности кај студентите. Истите беа одржани од сегашни студенти, поранешни студенти – претприемачи, маркетинг агенција и претставници на медиуми и институции.

                     

 

Благодарение на нашите поддржувачи - порталот Иновативност, пошироката јавност има прилика да прочита повеќе за искуствата на учесниците и детали за нивните продукти.

Интервјуата можете да ги проследите на линковите: 

 

Студенти на Машинскиот факултет создадоа протетска рака и ја подарија на петгодишно девојче од Скопје

 

Иновација која ќе ја промени индустријата! Роботската рака на студентите од Машински факултет е многу попрецизна од човечката!

 

Студенти на Машински факултет создадоа иновативен автономен дрон со крилја!

 

И како најголема потврда за успешната реализација, како и за тоа дека постојаниот развој е повеќе од добредојден, сведочат и коментарите на студентите учесници: 

Пофалби до организацискиот тим и целата идеја на ProjectHUB. Многу добра платформа за да се промовираат знаењата стекнати на МФС, како и платформа за стекнување практични вештини. Најдобро од се е тоа што се стекнуваат вештини од разен карактер, од технички знаења до меки вештини и основи на маркетинг.

„Организација на поголем број проекти, стимулирање и предлагање на идеи од страна на факултетот.“

„Продолжете така, ProjectHub е одличен и за Факултетот и за студентите кои сакаат да научат/направат нешто повеќе од она што се очекува од нив.“

 

Ви благодариме за вниманието! 

Во период на планирање и организирање на Project Hub 2020-2021 Вашето мислење е добредојдено! 

Контактирајте нѐ преку електронска пошта или преку нашите социјални медиуми.

 

Project Hub MFS

Karpos 2 bb, Skopje
Macedonia

 
instagram facebook
Соопштенија за студенти

ОПТИКООП - ПРАКТИЧНА РАБОТА

Фирмата ОПТИКООП со седиште на Скопје, Бул. Александар Македонски - 9, локал 51, (Населба Автокоманда – надвозник) има потреба од студенти за практична работа - практиканти со можност за вработување. Заинтересираните студенти потребните информации можат да ги добијат на телефон 070221819 и на email: optikoop@t.mk

Пракси

Стипендии од Витаминка за студентите на Машински факултет

Витаминка доделува 2 стипендии за следните студиски програми:

  • производно инженерство;
  • материјали, процеси и иновации;
  • индустриско инженерство и менаџмент;
  • мехатроника;
  • автоматизација и управувачки системи

Кандидатите треба да ги исполнуваат критериумите од конкурсот, да покажат желба и амбиција за образување во овие области. Студентите кои ќе ги добијат стипендиите ќе бидат обврзани за редовно студирање и запишување на семестрите како и на задолжителна феријална пракса во Витаминка, во текот на летниот период во траење од најмалку 30 (триесет) дена.

Стипендијата ќе изнесува 6.000,00 денари нето на месечно ниво и ќе се исплаќа 12 месеци во годината, сметано до последниот редовен VIII (осми) семестар на додипломските студии за студентот.

Заради обезбедување на потребни учебни помагала, на секој студент/стипендист, ќе му се исплаќа и еднократен надоместок од 9.000,00 денари најдоцна до 15.10. во секоја академаска година за време на редовното студирање.

Со цел да имате време за пријавување, рокот за аплицирање е продолжен до 15.10.2019 година.

За повеќе детали, погледнете го следниот линк, http://vitaminka.com.mk/vitaminka-e-stipendira-studenti-na-mashinski-i-na-fakultetot-za-elektrotehnika-i-informaciski-tehnologii/?fbclid=IwAR3KG_noH5LQ5lZxYCmJdb8gU1jftZWIY1OOiI6tOaKGPsRjF93zhkqQl8A.

Стипендии

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.ukim.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top