Ottawa Online Casinos — Here is an overview of the gaming scene in this city, as well as a sneak-peek into the best online casinos in Canada.

 

Изберете една од 11-те акредитирани 4 годишни студиски  програми со што ќе се стекнете со 240 ЕКТС кредити


...

Станете Магистер по машински науки со избор на втор циклус редовни студии во девет студиски програми или вонредни студии  во шест студиски програми, во согласност со Болоњските...

Докторските студии се наша определба за образување на висококвалитетни кадри од областа на инженерството со компетенции за научно-истражувачки, развојни и иновативни активности...

Машинскиот факултет е носител на научно-истражувачката дејност од областа на машинската струка и претставува центар за развој на науката, научната мисла и примената на науката...

Машински факултет - Скопје

Стипендии од LTH Learnica

Можност за стипендии од LTH Learnica. Рок за аплицирање: 31.11.2022.

Повеќе информации на следниот линк.

Стипендии

Фондацијата ЕДУКАТА објавува конкурс за стипендирање

Почитувани студенти,

Фондацијата ЕДУКАТА објавува конкурс за стипендирање на вкупно 3 студенти запишани во прва година студии на Машински факултет во учебната 2022/2023.

Стипендиите се во износ од 18.000 денари по студент, а рокот за пријавување е до 21.11.2022 година.

Информации за конкурсот ТУКА

 

Стипендии

СООПШТЕНИЕ

Почитувани,

Доколку на саемот на кариера кој се одржува на Машинскиот факултет во Скопје сте аплицирале за практична работа во компанијата „Адиент“ поради технички проблеми ќе биде потребно повторно да се пријавите на нивниот штанд или на e-mail: makedonka.karamanoleva@adient.com ; diana.tashkova@adient.com

Наши студенти се пласираа во финалето на Teaching Factories Competition организирано од EIT Manufacturing

Четворица студенти од насоката ИИМ под менторство на вонр. проф. д-р. Бојан Јованоски, го освоија првото место за решавања на реален случај од компанијата Ge- Avio од Италија, поддржан од Европската Унија.

Неодамна беа објавени резултатите од натпреварот „Teaching Factories Competition“ спроведен од EIT (Европскиот центар за иновации и технолошки развој) каде тимот од Машинскиот факултет – Скопје го освои првото место и успеа да се пласира во финалето кое ќе се одвива во Брисел, Белгија. Тимот беше предводен од четворица наши колеги: Дамјан Ристовски, Михаела Златеска, Теодора Танчевска и Даниела Стојановска - студенти на Машинскиот факултет, насоката Индустриско Инженерство и Менаџмент.

Во период од април до октомври 2022 година активно се работеше на проектот за „зелени иновации и подобрувања“ заедно со компанијата Ge- Avio од Италија. Во финалето тие ќе се натпреваруваат со противници од универзитетите од: Mondragon University- Шпанија, CAS Lavoslav Ružička Vukovar- Хрватска, University of Patras- Грција, ELTE Informatikai Kar Savaria Műszaki Intézet- Унгарија, University of Pisa- Италија.

Со ова се потврдува дека на Машинскиот факултет во Скопје студентите се подготвени да решаваат нови проблеми, и тоа на интернационално ниво.
Да им посакаме понатамошен успех во финалето на нашите колеги и колешки.

Соопштение за подигање на документи од средно образование 2022-23

СТУДЕНТИТЕ ЗАПИШАНИ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО АКАДЕМСКАТА 2022/2023 ГОДИНА СЕ ДОЛЖНИ ДА ГИ ПОДИГНАТ ОРИГИНАЛНИТЕ ДОКУМЕНТИ ОД ПРЕТХОДНО ЗАВРШЕНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ОД СТУДЕНТСКАТА СЛУЖБА СОГЛАСНО ЧЛЕН 158 ОД ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ.

ДОКУМЕНТИТЕ МОЖАТ  ДА СЕ ПОДИГНАТ ВО ПЕРИОДОТ ОД 31.10. ДО 04.11.2022 ГОДИНА ПРЕКУ ШАЛТЕРИТЕ НА СТУДЕНТСКАТА СЛУЖБА ОД 12,00 – 14,00 ЧАСОТ.

СТУДЕНТИТЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО СО СЕБЕ ДА ПОНЕСАТ ИНДЕКС.

ОД ДЕКАНАТОТ НА МФС

28.10.2022

 

 

Соопштенија за студенти

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top