Ottawa Online Casinos — Here is an overview of the gaming scene in this city, as well as a sneak-peek into the best online casinos in Canada.

 

Изберете една од 11-те акредитирани 4 годишни студиски  програми со што ќе се стекнете со 240 ЕКТС кредити


...

Станете Магистер по машински науки со избор на втор циклус редовни студии во девет студиски програми или вонредни студии  во шест студиски програми, во согласност со Болоњските...

Докторските студии се наша определба за образување на висококвалитетни кадри од областа на инженерството со компетенции за научно-истражувачки, развојни и иновативни активности...

Машинскиот факултет е носител на научно-истражувачката дејност од областа на машинската струка и претставува центар за развој на науката, научната мисла и примената на науката...

Машински факултет - Скопје

Прв свечен час

Почитувани студенти,

првиот час на Машинскиот факултет-Скопје ќе се одржи во петок 01.10 2021 на платото пред новата зграда на Машински факултет-Скопје (означена на мапата подолу).

Распоредот на одржување на првиот час е следен:

  1. Студентите од насоките Моторни возила, Транспорт механизација и логистика и Индустриски дизајн од 11 часот
  2. Студентите од насоките Индустриско инженерство и менаџмент, Материјали, процеси и иновации и Производно инженерство од 12 часот
  3. Студентите од насоките Автоматизација и управувачки системи, Енергетика и екологија, Термичко инженерство, Хидраулично енергетско инженерство и Мехатроника во 13 часот.

Ве молиме да се придржувате до термините , бидејќи групите се предвидени со максимално дозволен број на присутни, така што не би можеле да дозволиме мешање на термините.

При пристигнувањето во дворот на Машински факултет-Скопје ќе Ве пречекаат Менторите по соодветните насоки кои ќе носат беџови со ознаките на факултетот, личното име и насоката на која што се ментори. Тие се задолжени да Ви помогнат во ориентацијата низ кампусот.

Ве молам да не влегувате во зградите, туку по пристигнувањето да се упатите на локацијата предвидена за првиот час.

На првиот час ќе ги добиете индексите, но земајќи ја во предвид тековната ситуација со пандемијата, присуството е пожелно но нема да биде задолжително. Студентите што нема да ги подигнат индексите на првиот час ќе бидат дополнително известени за  начинот на подигање на индексите.

П.С. Ја следиме активно временската прогноза, но земајќи во предвид дека првиот час е предвиден да се одржи на отворено, не можеме со сигурност да предвидиме дека нема да заврне, поради што Ве замолуваме со Вас да си носите некаква заштита од дожд.

Со почит

Дарко Бабунски, продекан за наставна дејност

во име на

Деканатот на Машински факултет-Скопје

 

Соопштенија за студенти

Соопштение за дополнителен – вонреден испитен термин во есенскиот испитен рок во учебната 2020/21

Се организира дополнителен-вонреден испитен термин во есенскиот испитен рок во учебната 2020/2021 година, за полагање најмногу 2 предмети  од зимски семестар.

Пријавувањето и полагањето на испитите ќе се врши без плаќање надоместок;

Пријавувањето во електронска форма е ЗАДОЛЖИТЕЛНО и ќе се врши преку следниот формулар
(пополнет со кирилично писмо)  во период од 16.09.2021 до 19.09.2021

Испитната сесија ќе се спроведе на 21.09.2021, 22.09.2021 и 23.09.2021.

Термините за полагање на испитите ќе бидат објавени на 20.09.2021 на web страната на МФС.

Напомена: Студентите ќе донесат пријави во материјална форма само за положените испити при запишување на зимскиот семестар во учебната 2021/22.

Скопје, 15.09.2021    Деканат на МФС

 

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top