Соопштенија за студенти

СТИПЕНДИИ ОКТА

Студенти - Тип на содржина: 
stipendii

ЈМ LEAD програма

ЈМ LEAD програма - стипендии

Повелете повеќе информации и линк до огласите - Careers

Студенти - Тип на содржина: 
stipendii

Летна пракса во Smart Learning Factory - Skopje

Почитувани студенти,

Новоформираната Smart Learning Factory - Skopje (SFLS), лоцирана на Машинскиот Факултет во Скопје е отворена за сите студенти што бараат летна пракса. SFLS е првата ваква лабораторија која е фокусирана на теми од областа на Lean и Industry 4.0. Располага со опрема што симулира производни концепти, но подеднакво важни се и сите методи и алатки кои (ќе) се користат во неа.

Лабораторијата има дефинирано неколку мини проекти што треба да бидат реализирани од студенти практиканти, но очекува идеи и од самите студенти.

Праксата е отворена за студенти од сите факултети што ќе бидат во трета и четврта година во следниот зимски семестар.

Вашето CV со главните вештини и кратко мотивациско писмо (за вашите интереси) испратете ги најкасно до 16.6.2023 12:00 на learningfactory@mf.edu.mk. Со избраните кандидати ќе одржи кратко интервју и ќе се договори предметот на работа согласно интересите/вештините на студентот и потребите на  SLFS.

За повеќе информации посетете ја web страната learningfactory.mf.edu.mk

Тимот на SFLS ќе Ве контактира за понатамошната постапка.

Летна пракса во FabLab Skopje

Почитувани студенти,

FabLab Skopje постои од 1.12.2022 година и е лабораторија за дигитална фабрикација, лоцирана на Машинскиот Факултет во Скопје. Од тогаш до сега креирани се преку 200 проекти и обучени се над 600 млади луѓе.

FabLab Skopje располага со различни 3D принтери, CNC рутери, CNC ласер, мехатронички сетови и друга опрема. Тимот на FabLab Skopje има дефинирано неколку мини проекти што треба да бидат реализирани од студенти практиканти, но очекува идеи и од самите студенти.

Праксата е отворена за студенти од сите факултети што ќе бидат во трета и четврта година во следниот зимски семестар.

Вашето CV со главните вештини и кратко мотивациско писмо (за вашите интереси) испратете ги најкасно до 16.6.2023 12:00 на fablab@mf.edu.mk. Со избраните кандидати ќе одржи кратко интервју и ќе се договори предметот на работа согласно интересите/вештините на студентот и потребите на  FabLab Skopje.

За повеќе информации посетете ја web страната www.fablab.mk

Тимот на FabLab Skopje ќе Ве контактира за понатамошната постапка.

 

Студенти - Тип на содржина: 
praksi

Програма за платена пракса A1 WayUp

Ни претставува голема чест и задоволство, како ценета и реномирана образовна институција да ве информираме дека А1 Македонија и оваа година, трет пат по ред ја имплементира програмата за платена пракса, A1 WayUp.

Во оваа прилика го најавуваме почетокот на пријавувањето за сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите. Повикот е отворен за 15 дипломци кои дипломирале во последните 12 месеци или кои годинава ќе ги завршат своите студии, а својата кариера сакаат да ја градат во А1 Македонија во една од следниве области: E-commerce/Digital Transformation, Data Science & Analytics, Infrastructure & Cloud, ICT Solutions и IT Systems & Technology.

Доколку бидат избрани, кандидатите ќе имаат можност да започнат да го градат својот кариерен пат со работа на реални проекти заедно со нашите искусни тимови, од кои ќе добијат целосна поддршка и едукација за да ги усовршат своите знаења и да стекнат нови вештини.

Периодот за аплицирање започнува од денес 12 јуни и трае до 12 јули 2023 година, а сите заинтересирани може да испратат кратка биографија и преку формулар да се пријават за една од позициите предвидени во оваа програма. Процесот на селекција ќе се изврши во согласност со потребните компетенции и вештини на кандидатите, дополнителна евалуација на компетенции и тестови за лични карактеристики, а селектираните кандидати ќе бидат повикани на финално интервју за детално запознавање со сите услови за работа.

Програмата е платена и трае 6 месеци, со полно работно време од 40 часа, со можност за вработување и пред завршување на програмата. Практикантите ќе имаат можност да работат на проекти поврзани со автоматизација, анализа на податоци и виртуализација, развој на дигитални решенија, мрежна инфраструктура, ИТ системи и развој на ИТ решенија. Повеќе информации за позициите и за профилите може да се најдат на кариерната страница https://jobs.a1.com/mk/aplicirajte/a1-wayup-2023/.

Целта на A1 WayUp е да им пружи на младите богато работно искуство исполнето со предизвици во некои од најактуелните теми на денешницата – Data, IT, Cloud & Infrastructure итн.

Студенти - Тип на содржина: 
praksi

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top