Соопштенија за студенти

СООПШТЕНИЈА за заверка на летен семестар od учебната 2023/2024 година и ЗАПИШУВАЊЕ НА зимскиот семестар од учебната 2024/2025 на прв циклус студии

Заверката на летниот семестар од учебната 2023/2024 година и запишувањето на зимскиот семестар од учебната 2024/25 ќе се одвива од 24.09.2024 до 02.10.2024.

Упатство за со детални информации за постапката на упис, како и информација за доставување на статистичкиот лист и добивање на печат во индексот можете да најдете во следниот документ: СООПШТЕНИЕ

Информации за финансиските обврски се достапни во ценовникот.

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Соопштение за вонредна септемвриска испитна сесија во учебната 2023/2024

Се известуваат студентите дека во вонредниот септемвриски испитен рок ќе може да полагаат:

  • само еден предмет од зимски или од летен семестар ;

Пријавувањето на испитите за вонредниот септемвриски испитен рок  ќе се врши на 23.09.2024 (понеделник) од 11.00-13.00 часот преку шалтерите на студентската служба.
Секој студент е должен да достави уплатница во висина од 2000 денари (по предмет) на жиро сметка на МФС со назнака за полагање на испит.

Назив на примачот: Буџет на РСМ,  Машински факултет - Скопје
Банка на примачот: НБРМ
Сметка: 100 0000000630 95
Износ: 2000
Сметка на буџетски корисник: 1600104278  788  11
Приходна шифра: 723012  41    Начин: 2

 

ПРЕТХОДНО, ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ најдоцна до 22.09.2024 (недела)  СО МАКЕДОНСКА ПОДДРШКА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Испитната сесија ќе се спроведе на 25.09.2024 година (среда)

Термините за полагање на испитите ќе бидат објавени на web страната на МФС.

Студентите се должни да пополнат пријава во  хартиена форма и истата да ја достават до предметниот наставник на денот на испитот.

Скопје, 04.09.2024                           Од Деканатот на МФС

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top