Конкурс за студентска мобилност за зимскиот семестар во академската 2026/2027 година во рамки на ЕРАЗМУС+ програмата
Активен е новиот конкурс за студентска мобилност за зимскиот семестар во академската 2026/2027 година. Студентите треба да ги достават апликациите во 3 примероци (еден за студентот, еден за Еразмус+ координаторот и еден за Универзитетот) до Еразмус+ координаторот надоцна до 17 април 2026 г. Една апликација треба да ги содржи следниве документи:
- пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
- уверение за положени испити на македонски јазик;
- уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ-универзитетот, издадена од признат центар/школа за странски јазици;
- уверение за редовен студент - запишан семестар/година (на македонски јазик);
- кратка биографија (Europass model);
- мотивациско писмо.
Задолжително:
за студентска мобилност за студирање:
- договор за студирање (Learning Agreement for studies), во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и факултетот во странство (минимум 20 ЕКТС- максимум 30ЕКТС).
Learning Agreement исто така треба да се изготви онлајн https://www.learning-agreement.eu/ по што се генерира во платформата EWP Dashboard. Понатаму, при изготвувањето на договорот за студирање треба да се изберат предмети кои ќе бидат признаени по враќањето на студентот, односно компатибилни предмети од наставната програма на двата факултета, бидејќи потпишаниот LA, односно одобрениот ОLA гарантира дека избраните предмети со број на ЕКТС ќе бидат признаени.
При избор на универзитет за мобилност задолжително да се внимава на рокот за номинирање за зимскиот семестар во академската 2026/2027 година, наведен на официјалната веб-страница на странскиот универзитет.
Студентите треба да достават валидна диплома за познавање на странскиот јазик на кој се изведува наставата.
Сите дополнителни информации и формулари за пријавување и листа на потпишани Еразмус+ билатерални договори може да ги побарате на интернет-страницата на Универзитетот под: Меѓународна сорабoтка – Еразмус+ мобилности – ERASMUS+ - Документи за студентска мобилност (https://ukim.edu.mk/studenti/mobilnosti/erazmus/).
За дополнителни информации и поддршка, обратете се до Координаторот за Еразмус+ при Машински факултет - Скопје: доц. Д-р Елена Ангелеска (elena.angeleska@mf.edu.mk).