Соопштенија за студенти

Потврда за студенти

Се молат студентите да го пополнат формуларот на компјутер (не рачно) со цел да им се издаде соодветната потврда.

Истата се принта во 2 (два) примерока за секоја поединечна потреба и се поднесува во студентската служба, заедно со индексот.

Посебно внимание треба да се обрати при внесувањето на податоците за запишан семестар. На потврдата треба да стои активниот семестар, т.е. семестарот за кој се бара потврдата.

Поднесувањето на потврдите се прави секој ден од 12 – 14 часот. 

Новиот начин на издавање потврди е поради барањето на одредени институции истите да се само во печатена форма.

 

Со почит,

Деканат на МФС

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Соопштение за вонреден октомвриски испитен рок во учебната 2022/2023

Се известуваат студентите дека во вонредниот октомвриски испитен рок ќе може да полагаат:

  • само еден предмет од зимски семестар ;

ИЛИ

  • само еден предмет од летен семестар само за студентите на кои им е последен испит до крајот на студиите и треба да одбранат дипломска работа

Пријавувањето на испитите за вонредниот октомвриски испитен рок  ќе се врши на 12.10.2022 (среда) од 12,00-14,00 часот преку шалтерите на студентската служба.
Секој студент е должен да достави уплатница во висина од 2000 денари на жиро сметка на МФС со назнака за полагање на испит.

Назив на примачот: Буџет на РСМ,  Машински факултет - Скопје
Банка на примачот: НБРМ
Сметка: 100 0000000630 95
Износ: 2000
Сметка на буџетски корисник: 1600104278  788  11
Приходна шифра: 723012  41    Начин: 2


ПРЕТХОДНО, ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ најдоцна до 11.10.2022 (вторник)  СО МАКЕДОНСКА ПОДДРШКА НА ЛИНКОТ:

https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=LuWhupzR10mkrdWyOhzhto_Ki3ojKz9GogNMQjqYnS9UNExaTEVPT1FGS0lZOFg1SEhPUjlIUDZVMi4u

Испитната сесија ќе се спроведе на 15.10.2022 година (сабота).

Термините за полагање на испитите ќе бидат објавени на web страната на МФС.

Студентите се должни да пополнат пријава во  хартиена форма и истата да ја достават до предметниот наставник на денот на испитот.

 

Скопје, 07.10.2022

Од Деканатот на МФС

 

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

ДЕНОВИ НА ИНДУСТРИСКИОТ ДИЗАЈН НА МАШИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

Почитувани студенти,

Ве покануваме на свечено отворање на манифестацијата „ДЕНОВИ НА ИНДУСТРИСКИОТ ДИЗАЈН НА МАШИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ“ што ќе се одржи од 03.10.2022 до 07.10.2022. Манифестацијата ќе започне со годишна изложба на студентите од насоката индустриски дизајн на 3.10.20222 година во 18 часот.
Изложбата како и сите настани е предвидено да се одвиваат третиот кат во Новата зграда на Машинскиот факултет со почеток во 18 часот.
Во прилог ви испраќаме и линк до форма за пријавување на некои од предавањата.
Линк до формата: https://forms.microsoft.com/r/Vx7KD2PU6M

Следете не на социјалните медиуми за повеќе информации во наредните денови
https://www.instagram.com/mashinskifakultetskopje/
https://www.facebook.com/MashinskiFakultetSkopje


Ќе ни биде особена чест и задоволство доколку најдете време да ни се придружите на свеченоста!

Со почит,
Вашите наставници од насоката индустриски дизајн

Плакат со агенда

Покана за изложба

 

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

ПОКАНА ЗА ПРВ СВЕЧЕН ЧАС

Ги поканувам сите новозапишани студенти во прва година во учебната 2022/2023 година на Машински факултет во Скопје да присуствуваат на првиот свечен час кој ќе се одржи на 01 октомври 2022 година (сабота) со почеток во 18:00 часот на паркинг просторот на Факултетот од страната на бараките.

Со свеченоста ќе се одбележи почетокот на новата учебна година за новозапишаните студенти на Факултетот.


Декан
Проф. д-р Дарко Данев, с.р.

 

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top