ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЛЕТНА ПРАКСА

Студентите запишани на прв циклус студии на Машинскиот факултет во Скопје на студиските програми воведени во  учебната 2017/2018 година, се известуваат дека, практичната настава (летна пракса) во времетрање од 30 дена, задолжителна за студентите запишани во зимски трет пат и летен трет пат семестар во учебната 2023/2024 година, а факултативна (незадолжителна) за сите останати студенти, ќе се реализира по завршувањето на наставните активности, а најдоцна до 30 септември 2024 година, односно до почетокот на новата учебна година.

Постапката ќе се одвива според објавеното упатство за реализација на пракса на следниот начин:

Студентите се должни да се најават на следниот линк

Потоа, потребно е да ги внесете потребните податоци.

Откако сите потребни податоци се внесени, системот генерира pdf  фајл.

  • 3 упатници за пракса (за факултетот, за претпријатието, за студентот)
  • потврда за реализирана пракса.

Упатниците Ви се потребни пред започнување на праксата и треба да бидат потпишани од менторот на насоката, а потоа да се заверат во студентската служба со потпис и печат.

Студентот е должен да ги завери упатниците во Архивата на Факултетот.           

  • Верификацијата, односно признавањето на реализираната практична настава го врши одговорното лице - менторот со свој потпис на Потврдата издадена од субјектот во кој праксата е изведена.
  • Потврдата потпишана од одговорното лице се доставува во Студентската служба на Факултетот при уписот на зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година. (Студентите за кои практичната настава (летната пракса) е задолжителна, а кои нема да достават потврда за обавена пракса нема да можат да запишат зимски семестар во учебната 2024/2025 година)

ОДЛУКА за определување ментори за верификација на летната пракса во учебната 2023/2024 година

Скопје, 03.06.2024                       МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top