Испити

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ЗА ЈАНУАРСКО-ФЕВРУАРСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧЕБНАТА 2025/2026 ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ

Пријавувањето на испити за Јануарско-февруарската испитна сесија во учебната 2025/2026 година, ќе се врши ЕЛЕКТРОНСКИ преку IKnow системот во периодот од:

24.12.2025 до 13.01.2026 година

Студентите кои ќе ги пријават испитите во Iknow системот, исто така се должни да пополнат пријава во  хартиена форма (за секој испит поединечно) и истите да ги достават до предметните наставници.

Уредно пополнетата хартиена пријава се остава во испитната тетратка  на денот на полагање на испитот.

Напомена: Пријавите треба да бидат превиткани на половина по должина (вертикално).

За секое задоцнето пријавување на испитите, по 13.01.2026 година, студентите се должни да уплатат казна од 1000 денари (по испит).
Јануарско-февруарската испитна сесија ќе трае од 14.01.2026 до 03.02.2026 година.

Забелешка: ЗАДОЛЖИТЕЛНО е да се пријават во iknow системот и предметите кои ќе ги положите преку тестови/колоквиуми.

Скопје, 24.12.2025                                              МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ

 

Соопштение за вонреден септемвриски испитен рок во учебната 2024/2025

Се известуваат студентите дека во вонредниот септемвриски испитен рок ќе може да полагаат:

  • само еден предмет од зимски или од летен семестар.

Студентот кој ќе полага во вонредниот септемвриски испитен рок, најдоцна до 16.9.2025 (вторник) до 12 часот, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се пријави (со македонска поддршка) на следниот ЛИНК

Пријавувањето на испитите за вонредниот септемвриски испитен рок ќе се врши на 16.9.2025 (вторник) од 12,00-14,00 часот, преку шалтерите на студентската служба. 
Студентот кој ќе полага во вонредниот септемвриски испитен рок, должен е да изврши уплата на 2.000,00 денари и тоа на следниот начин:

  • електронски, преку Iknow системот, во полето Документи, ја бира услугата Организација на дополнителен термин во испитна сесија, по предметна програма (предмет) МФ2024 (2.000), и го врши плаќањето on-line или 

НАПОМЕНА: Студентите кои ќе извршат online уплата нема потреба да доаѓаат физички во студентска служба, под услов ЗАДОЛЖИТЕЛНО да бидат пријавени на линкот погоре.

  • вирмански, на жиро сметка на МФС, цел на дознака за полагање на испит.

Назив на примачот: Буџет на РСМ,  Машински факултет - Скопје
Банка на примачот: НБРМ
Сметка: 100 0000000630 95
Износ: 2.000 
Сметка на буџетски корисник: 1600104278  788  11
Приходна шифра: 723019  41    Начин: 2

Термините за полагање на испитите ќе бидат објавени на web страната на МФС на 17.9.2025 година (среда).

Испитната сесија ќе се спроведе на 18.9.2025 година (четврток). 

Студентите се должни да пополнат пријава во хартиена форма и истата да ја достават до предметниот наставник на денот на испитот.


Скопје, 1.9.2025 год.                    Од Деканатот на МФС                                                                                                       

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top