Испити

Соопштение за вонредна септемвриска испитна сесија во учебната 2019/20

Вонредната септемвриска испитна сесија од учебната 2019/2020 година, ќе се организира само за наставните предмети за кои ќе бидат поднесени пријави за полагање на испитите, за најмногу 2 предмети, и тоа:

  • или 2 предмети од зимски семестар,
  • или 2 предмети од летен семестар,
  • или 1 предмет од зимски и 1 предмет од летен семестар;

- пријавувањето и полагањето на испитите ќе се врши без плаќање надоместок;

Пријавувањето во електронска форма е ЗАДОЛЖИТЕЛНО и ќе се врши преку следниот формулар (пополнет со кирилично писмо)  во период од 21.09.2020 до 27.09.2020

Испитната сесија ќе се спроведе на 30.09.2020 (среда) и 01.10.2020 (четврток)

Термините за полагање на испитите ќе бидат објавени на 29.09.2020 на web страната на МФС.

Напомена: Пријавите нема да се заверуваат од страна на студентската служба, туку директно ќе се доставуваат до предметните наставници, на денот на  испитот.

Пријавите за предметите кои ќе се полагаат со физичко присуство се предаваат заедно со тетратката, додека за предметите кои ќе се полагаат online студентите се должни пријавите да ги достават во сандачињата на втори кат најдоцна до 29.09.2020.

Скопје, 21.09.2020                                                                                           Деканат на МФС

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top