Ottawa Online Casinos — Here is an overview of the gaming scene in this city, as well as a sneak-peek into the best online casinos in Canada.

 

Изберете една од 11-те акредитирани 4 годишни студиски  програми со што ќе се стекнете со 240 ЕКТС кредити


...

Станете Магистер по машински науки со избор на втор циклус редовни студии во девет студиски програми или вонредни студии  во шест студиски програми, во согласност со Болоњските...

Докторските студии се наша определба за образување на висококвалитетни кадри од областа на инженерството со компетенции за научно-истражувачки, развојни и иновативни активности...

Машинскиот факултет е носител на научно-истражувачката дејност од областа на машинската струка и претставува центар за развој на науката, научната мисла и примената на науката...

Машински факултет - Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ за режим на работа со странки на стручната и административна служба на Машински факултет во Скопје

Стручната и административна служба на Машинскиот факултет во Скопје, на 22 јули 2022 година (петок), со студентите и други надворешни странки ќе работи со двоен режим на работа:

 

1. Со физичко присуство во просториите на Факултетот, во времето:

8:00 – 13:00 часот

 

 2. Со примена на средства за електронска комуникација по пат на електронска пошта, во времето:

13:00 – 16:00 часот

 

На следниве електронските адреси:

 

Одделение за студентски прашања,

- studsl@mf.edu.mk

- ivana.aleksovski@mf.edu.mk

 

Одделение за сметководствено работење,

- smetkovodstvo@mf.edu.mk

- radica.vasilevska@mf.edu.mk (јавни набавки)

 

Одделение за правни и општи работи

- violeta.velkovska@mf.edu.mk (архива)

- nenad.aleksic@mf.edu.mk (правна служба)

 

Процесуирањето на барањата поднесени по електронски пат ќе се изврши во понеделник, на 25 јули 2022 година.

 

Деканат на МФС

WUS-Апликација за грант за практикантска работа

Почитувани студенти во прилог на ваше внимание ви ја претставуваме Sur-Place Scholarship програмата за Практикантска работа во компанија по ваш избор. Доколку сте во последната фаза од вашите дипломски и магистерски студии оваа Програма е за вас.

Ние ви нудиме:

  • Обуки како да ја пронајдете вашата работа од соништата (креирање CV,Motivation Letter и вашето прво интервју).
  • 15.000 денари за период од 3-6 месеци
  • Секаков вид на консултации за Практикантска работа и отварање на свој бизнис

На располагање се 50 стипендии за 50 студенти (предност ќе имаат оние кои ќе приложат најдоби апликации и оние кои доаѓаат од семејства со ниски приходи).

За повеке информации можете да не исконтактирате на northmacedonia@wusgermany.de или на 072 227 940, на следниов линк кон флаерот:

Пракси

Покана за апликација – Стипендиска програма на германското стопанство 2022

Почитувани партнери, пријатели, соработници,

ни претставува голема чест да Ве информираме дека Одборот на германското стопанство за источните земји и Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија ја спроведуваат програмата за стипендии на Германското стопанство за 2022 година. Целта на оваа програма е да обезбеди практична работа за квалификувани кандидати од Северна Македонија во најуспешните германски компании, во период од 3 до 6 месеци. Оваа програма е поддржана од Владата на Сојузна  Република Германија, која воедно ги покрива и трошоците за спроведување на истата. Праксата во компаниите започнува на 01 јули 2022!

Во прилог Ви ги испраќаме основните податоци кои треба да бидат задоволени од потенцијалните кандидати, рокот на пријавување е заклучно до 16. ноември 2021 година на следната интернет страница:

https://www.djindjic-stipendienprogramm.de/

Стипендии

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top