Главните дејности на нашата компанија се:
- Продажба на машини за производство на мебел.
- Сервис служба за инсталација на опремата, тренинг за оператори, поправки и одржување во и вон гарантен рок.
“Yugoimpex” бара студенти за пракса/работа на три позиции.
Нашата цел е по завршувањето на праксата да се вработи барем по еден студент на секоја позиција.
Од таа причина студентите треба да завршуваат или да се при крај со своите студии.
Потребни се:
1.
Тројца студенти (студиска програма – Мехатроника/ Автоматика и управување со системи)
Работното место: Сервис Инженер
Работни задачи: Сервис служба за инсталација на опремата, тренинг за оператори, поправки и одржување во и вон гарантен рок.
2.
Двајца студенти (студиска програма - Индустриско инженерство и менаџмент)
Студентите од оваа студиска програма е пожелно, покрај Македонскиот и Англискиот јазик да го зборуваат и Албанскиот Јазик.
Работно место: Администрација и
Работни задачи: Организација на сервис служба, маркетинг, директна комуникација со муштерии од Македонија, Косово и Албанија.
3.
Еден студент кој би работел како комерцијалист на териториите на Македонија, Косово и Албанија.
За оваа позиција потребно е студентот, покрај Македонскиот и Англискиот јазик да го зборуваат и Албанскиот Јазик.
Работно место: Комерцијалист
Работни задачи: Посетување на постоечки и потенцијални муштерии, промовирање на продуктите на “Yugoimpex”.
Практикантите ќе добијат тренинг како во просториите на “Yugoimpex” така и на терен кај нашите муштерии.
Студентите кои подоцна ќе бидат вработени, покрај тренингот од “Yugoimpex” добиваат и детален тренинг во странство, кај голем број од компаниите со кои соработуваме.
Вашите CVa да ги доставите на e-mailot: gjorgji(at)yugoimpex.mk.