Соопштенија за студенти

Inter-Construction нуди пракса на сите студенти од Машинскиот факултет на УКИМ

Македонска компанија (inter-construction) за производство на пластични производи, произведени од 2 технологии:

1. Ротомолдинг технологија и

2. Технологија за вбризгување.

нуди пракса на сите студенти од Машинскиот факултет на УКИМ.

Праксата ќе се извршува по определена програма за обука во производствениот погон на Интер Констракшн во с.Прдејци, Гевгелија.

 

Лице за контакт:

Росана Стојчева

Тел. +389 34 231 300

rosana.s@inter-construction.com.mk

www.inter-construction.com.mk

Студенти - Тип на содржина: 
praksi

Пракса/работа во Прилепска Пиварница

Повикот е отворен за студентите во погорните години на студирање за извршување практична работа / проект со можност за вработување, посебно на студиската програма „Автоматизација и управувачки системи“, но може да се и од :

  • Производно инженерство
  • Термичко инженерство
  • Хидраулично енергетско инженерство
  • Мехатроника

Подготвените CVа да ги доставите до 

Искра Конеска

мобилен: 078 278 652
iskra[at]pripiv.com.mk

Студенти - Тип на содржина: 
praksi

Стипендии од фондацијата за наградување и стипендирање студенти АНЃУШЕВ (рокот продолжен до 31.10.2017)

Од страна на „Фондацијата за наградување и стипендирање студенти АНЃУШЕВ“ ќе бидат доделени вкупно 4 стипендии и тоа:

  • 2 стипендии за студентите запишани првпат во трета година на студии во учебната 2017/18 година, од кои:
  • 1 стипендија ќе биде доделена на студент запишан на студиската програма „Мехатроника“
  • 1 стипендија ќе биде доделена на студент запишан на некоја од останатите студиски програми на „Машински факултет“ – Скопје.
  • 2 стипендии за студентите запишани првпат во четврта година на студии во учебната 2017/18 година, од кои:
  • 1 стипендија ќе биде доделена на студент запишан на студиската програма „Мехатроника“
  • 1 стипендија ќе биде доделена на студент запишан на некоја од останатите студиски програми на „Машински факултет“ – Скопје.

КОНКУРС

Апликација за стипендија

 

Студенти - Тип на содржина: 
stipendii

Македонски телеком, Пракса Техника, Продажба – продажни салони и Контакт Центар

ТЕХНИКА –   ангажираните практиканти  согласно табелата подоле  би ги извршувале следниве активности:

  • Отстранува пречки и врши инсталација на услуги на Македонски Телеком на корисничка страна, во сите сегменти (секударна мрежа, внатрешна инсталација, CPE опрема, на бакарна и оптичка мрежа)
  • Внатрешната инсталација ја изведува во согласност со  упатствата за работа
  • Обезбедува инсталација или реконфигурација на CPE опрема согласно Упатствата за работа
  • Се грижи и одговара за точност на внесените податоците во налозите во апликација
  • Работи преку апликација од терен, врши задолжување и раздолжување на налози во апликација од терен          

 

Оперативен центар

Потребни Christmas helpers

1

Ѓорче Петров и Карпош

4

2

Ченто

3

3

Чаир

4

4

Центар

2

5

Кисела Вода Аеродром

4

6

Тетово

3

 

Скопје

20

7

Кичево

1

8

Битола

2

 

Запад

3

9

Куманово

2

10

Велес

1

 

Исток

3

 

Вкупно

26

 

ПРОДАЖБА - ангажираните практиканти  согласно табелата подоле  би ги извршувале следниве активности

  • ангажманот се однесува на helpers за промовирање на нови кампањи и производи на компанијата
  • помош при наплата на сметки на  Терминалот за самонаплата
  • помош на вработените во салоните

#

Град

Продавница

Број на "helper"

1

Скопје

ГТЦ

1

2

Скопје

Чаир

1

4

Скопје

Capitol Mall

1

5

Скопје

Карпош

1

6

Скопје

City Mall

1

7

Скопје

Bitpazar

1

8

Куманово

Куманово 2

1

9

Струга

Струга

1

10

Гостивар

Гостивар

1

11

Тетово

Тетово 2

1

12

Битола

Битола

1

13

Прилеп

Прилеп

1

14

Велес

Велес

1

     

14

 

КОНТАКТ ЦЕНТАР - ангажираните  на 14 практиканти  би ги извршувале следниве активности

  • Кампањи
  • Истражувања
  • Pre paid дојдовни повици
  • Регистрација на корисници
Студенти - Тип на содржина: 
praksi

Пракса и/или работно место во “Yugoimpex”

Главните дејности на нашата компанија се:
  1. Продажба на машини за производство на мебел.
  2. Сервис служба за инсталација на опремата, тренинг за оператори, поправки и одржување во и вон гарантен рок.
“Yugoimpex” бара студенти за пракса/работа на три позиции.
 
Нашата цел е по завршувањето на праксата да се вработи барем по еден студент на секоја позиција.
Од таа причина студентите треба да завршуваат или да се при крај со своите студии.
 
Потребни се:
 
1.
Тројца студенти (студиска програма – Мехатроника/ Автоматика и управување со системи)
Работното место: Сервис Инженер
Работни задачи: Сервис служба за инсталација на опремата, тренинг за оператори, поправки и одржување во и вон гарантен рок.
2.
Двајца студенти (студиска програма - Индустриско инженерство и менаџмент)
Студентите од оваа студиска програма е пожелно, покрај Македонскиот и Англискиот јазик да го зборуваат и Албанскиот Јазик.
Работно место: Администрација и 
Работни задачи: Организација на сервис служба, маркетинг, директна комуникација со муштерии од Македонија, Косово и Албанија.
3.
Еден студент кој би работел како комерцијалист на териториите на Македонија, Косово и Албанија.
За оваа позиција потребно е студентот, покрај Македонскиот и Англискиот јазик да го зборуваат и Албанскиот Јазик.
Работно место: Комерцијалист
Работни задачи: Посетување на постоечки и потенцијални муштерии, промовирање на продуктите на “Yugoimpex”.
 
Практикантите ќе добијат тренинг како во просториите на “Yugoimpex” така и на терен кај нашите муштерии.
 
Студентите кои подоцна ќе бидат вработени, покрај тренингот од “Yugoimpex” добиваат и детален тренинг во странство, кај голем број од компаниите со кои соработуваме.

Вашите CVa да ги доставите на e-mailot: gjorgji(at)yugoimpex.mk.

Студенти - Тип на содржина: 
praksi

Пракса во Македонски Телеком

Почитувани,

Македонски Телеком има потреба од студенти за неколку видови на пракса и тоа:

 

1. Во делот на Техника се бара за следниве активности:

Појаснувања во врска со барањето за ангажирање на практиканти:

За потребите на Проект – МКТ адресен регистар, МКТ превзема акциja за собирање на податоци со цел да се ажурира адресниот регистар на МКТ со податоци за кориснички локации (постојни и потенцијални).

За таа цел во рамките на проектот ќе се ангажираат дополнителни ресурси за обезбедување на број на станови за секој објект со над два стана на ниво на Република Македонија , во кои е инсталирана МКТ опрема.

Инструкции и цел на ангажирањето на практикантите:

  • Потребно е да се обезбедат податоци за домаќинства покриени со МКТ мрежа на ниво на Република Македонија, со насоки за микролокација и датум кога треба да се обезбеди инфото
  • На практикантите ќе им бидат дадени листи со локации и адреси до влез за секоје подрачје
  • За секој влез од зграда со над 2 стана или куќа со над 2 стана ќе треба да обезбедат информации за бројот на станови/локали (од број – до број) и нумерацијата на становите/локалите  
  • Да соберат информација доколку има нешто специфично за објектот(нумерација со буква 12А,11А или слично) и да внесат во делот за забелешка
  • Обезбедените податоци да се внесат во соодветен формат во табела
  • Секојдневно пред завршување на работното време да се достават табелите  до одговорното лице од Служба за управување со документација и телекомуникациска инфраструктура

Обезбедувањето на податоци е планирано на следните начини:

  • За подрачја во Скопје дел од практикантите со автобуски превоз (обезбедена карта)  ќе треба да собираат податоци со посета на објектите  
  • За Скопје и региони низ Македонија дел од практикантите ќе треба телефонски да побараат информација за број на станови и нумерирање од неколку корисници на дадена локација
  • Доколку се обезбеди службен превоз ќе бидат однесени до соодветниот град во придружба на одговорно лице од Служба за управување со документација и телекомуникациска инфраструктура
  • Дел на техника кој директно е одговорен за нашите корисници:

2. Дел на техника кој директно е одговорен за нашите корисници:

Средување на CPE  опрема истите би биле задолжени за активности за:

  • Средување на опрема во апликации
  • Подготвување за расход на иста

3. Во делот на продажба: 

Доколку сте активен студенти и размислувате на тоа како да го збогатите своето CV, Македонски Телеком нуди единствена можност да биде дел од тимот кој работи на  Проектите кои се организираат во Контакт центар, Продажен салон.  Се што треба да направите е да го одберете посакуваниот проект  е да се пријавите на истиот.

  • Контакт Центар – ангажманот вклучува работа со дојдовни и појдовни повици поврзани со нова кампања и истражување на пазарот.
  • Продажни салони – ангажманот се однесува на helpers за промовирање на нови кампањи и производи на компанијата, а воедно и помош на вработените во салоните околу периодот на годишни одмори .

Заинтересирани студенти своите CVа да ги достават на следнава e-mail адреса sonja.kargova@telekom.mk со назнака на кој проект аплицираат најдоцна до 08.07.2017  година.

Со почит,

Студенти - Тип на содржина: 
praksi

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top