ПОСЕТА НА КОГЕНЕРАТИВНА ТЕРМОЕНЕРГЕТСКА ПОСТРОЈКА ТЕ-ТО АД СКОПЈЕ

На 15.12.2025 година студентите од прв циклус студии на студиските програми Енергетика и екологија и Термичко и енергетско инженерство ја посетија когенеративната постројка ТЕ-ТО АД Скопје, во придружба на асистент д-р Моника Улер-Зефиќ. Реализацијата на теренската посета беше овозможена од страна на Сашо Димковски, оперативен извршен директор на ТЕ-ТО. Посетата започна со теоретско воведување во работата на постројката, при што студентите беа запознаени со техничките параметри на опремата. Потоа следеше презентација на системот за мониторинг на оперативното работење на постројката. Во завршниот дел беше реализирана посета на терен, при која студентите имаа можност да се запознаат со практичната работа на постројката.

 

 

ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје 12 декември 2025 година

🎓 ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
12 декември 2025 година

👋 Драги матуранти – идни студенти,

📅 Ве покануваме на традиционалниот Отворен ден на УКИМ, кој и оваа година ќе се одржи со физичко присуство во просториите на секој од факултетите, во два термина: од 11:00 до 13:00 часот и од 13:00 до 15:00 часот.

📚 Настанот ќе овозможи директно запознавање со студиските програми, активностите на студентите, работата на центрите за кариера и со сите академски, истражувачки и професионални можности што ги нуди Универзитетот. Ќе можете да разговарате со професорите и студентите, да поставувате прашања за студиските програми, стипендиите, студентскиот живот, практикантството и меѓународната размена.

🏫 Преку посетата ќе се запознаете со просторните капацитети на факултетите, како што се амфитеатрите, лабораториите и другите наставно-научни објекти.

🌟 Студирајте на Универзитетот со најдолга академска традиција во нашата земја. Учете од најдобрите – студирајте на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top