Соопштенија за студенти

BEST OF SOUTH-EAST SCHOLARSHIP at MUL: Application for 2019-20 is NOW OPEN

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Соопштение за враќање на документи од средно образование 2018/19

СТУДЕНТИТЕ ЗАПИШАНИ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО АКАДЕМСКАТА 2018/2019 ГОДИНА ТРЕБА ДА ГИ ПОДИГНАТ ОРИГИНАЛНИТЕ ДОКУМЕНТИ ОД ПРЕТХОДНО ЗАВРШЕНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ОД СТУДЕНТСКАТА СЛУЖБА СОГЛАСНО ЧЛЕН 119 ОД ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ.

14.11.2018                                            ОД ДЕКАНАТОТ НА МФС

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Тест за стипендирање студенти од прва година

Машинскиот факултет во Скопје организира тестирање на студентите од прва година со награда стипендија на максимум еден најдобар студент од секоја студиска програма. Наградата се состои во ослободување од партиципација почнувајќи од вториот семестар до крајот на студирањето доколку се исполнат условите пропишани од страна на МФС.

Тестот се состои од 60 кратки прашања со цел да се испитаат општите познавања во областа на техничките науки. Терминот за одржување на овој тест е на 06.11.2018 година (вторник) со почеток во 16 часот во амфитеатарот на Машинскиот факултет во Скопје. Задолжително студентите да донесат индекс.

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Програмата за стипендии на германското стопанство за 2018 година

Одборот на германското стопанство за источните земји и Делегацијата на германското стопанство во Македонија ја спроведуваат програмата за стипендии на Германското стопанство за 2018 година. Целта на оваа програма е да обезбеди практична работа за квалификувани кандидати од Македонија во најуспешните германски компании, во период од 3 до 6 месеци. Оваа програма е поддржана од Владата на Република Германија, која воедно ги покрива и трошоците за спроведување на истата. Праксата во компаниите започнува на 01 јули 2019!

Рокот на пријавување е заклучно до 13. ноември 2018 година на следната интернет страница.

Студенти - Тип на содржина: 
stipendii

Соопштение за вонредна ноемвриска испитна сесија во учебната 2018/2019

Се известуваат сите студенти дека пријавувањето на испити за вонредната ноемвриска испитна сесија (за предметите од летен семестар), ќе се врши на 05.11. (понеделник) 2018 година од 12,00-14,00 часот преку шалтерите на студентската служба. ПРЕТХОДНО, ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК најдоцна до 04.11 (недела). Испитната сесија ќе се спроведе на 08.11.(четврток) 2018 година.

За секој пријавен испит потребно е да се достави уплатница во висина од 2000 денари на жиро сметка на МФС со назнака за полагање на испит.

Термините за полагање на испитите ќе бидат објавени на 07.11.2018 на web страната на МФС.

Скопје, 30.10.2018

Од Деканатот на МФС

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top