Студентски проекти 2019/2020

 

Project HUB Impact 2020

Exceptional makes memorable

 

Уште една година студентите на Машинскиот Факултет - Скопје покажаа дека со труд, желба и посветеност, секој предизвик е возможно да се освои победнички.

Видете ги продуктите од успешно завршените проекти преку видео презентациите

 

 

Роботска рака – тип SCARA

Развој на модел на простетска рака

Drones Rule Everything Around Me (D.R.E.A.M)

Crash Test - How it’s Done?

SMART CITY концепт

Пловен објект на магнетохидродинамички погон

Почнавме подготвени и ентузијастични со одличен тек и спроведување на активностите, минувајќи низ разни пречки и предизвици од кои учиме за животот и професијата, се соочивме со виша сила врз која никој не може да има контрола, и излеговме победници од целокупниот процес.

Заслугата најмногу оди на нашите студентите кои ја имаа главната улога, а и со која успеаа да се справат на различни начини за сепак на крај да се добие одличен резултат.

 

 

Видете ги проектите на Instagram

Покрај работата на проектите, студентите имаа прилика да проследат и предавања од различен карактер, посветени на личен развој и развивање дополнителни способности кај студентите. Истите беа одржани од сегашни студенти, поранешни студенти – претприемачи, маркетинг агенција и претставници на медиуми и институции.

                     

 

Благодарение на нашите поддржувачи - порталот Иновативност, пошироката јавност има прилика да прочита повеќе за искуствата на учесниците и детали за нивните продукти.

Интервјуата можете да ги проследите на линковите: 

 

Студенти на Машинскиот факултет создадоа протетска рака и ја подарија на петгодишно девојче од Скопје

 

Иновација која ќе ја промени индустријата! Роботската рака на студентите од Машински факултет е многу попрецизна од човечката!

 

Студенти на Машински факултет создадоа иновативен автономен дрон со крилја!

 

И како најголема потврда за успешната реализација, како и за тоа дека постојаниот развој е повеќе од добредојден, сведочат и коментарите на студентите учесници: 

Пофалби до организацискиот тим и целата идеја на ProjectHUB. Многу добра платформа за да се промовираат знаењата стекнати на МФС, како и платформа за стекнување практични вештини. Најдобро од се е тоа што се стекнуваат вештини од разен карактер, од технички знаења до меки вештини и основи на маркетинг.

„Организација на поголем број проекти, стимулирање и предлагање на идеи од страна на факултетот.“

„Продолжете така, ProjectHub е одличен и за Факултетот и за студентите кои сакаат да научат/направат нешто повеќе од она што се очекува од нив.“

 

Ви благодариме за вниманието! 

Во период на планирање и организирање на Project Hub 2020-2021 Вашето мислење е добредојдено! 

Контактирајте нѐ преку електронска пошта или преку нашите социјални медиуми.

 

Project Hub MFS

Karpos 2 bb, Skopje
Macedonia

 
instagram facebook
Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top