Издавачка дејност

2009

         

                    

2008

         

2007

         

2006

        

2005

       

2004

               

2003

2000

 

 

Библиотечна процедура за публикации
 

 

Во случајот кога МФС се јавува како издавач на публикација, постои посебна процедура која треба да се почитува.

Библиотеката на МФС посредува во процесот на подготовка и издавање на единицата доколку издавач на единицата е Факултетот. Првата работа во која посредува е доделувањето на
ISBN број. Во Библиотеката на  МФС се наоѓа листа со ISBN броеви (кодови) и секоја публикација добива свој број/код. ISBN или International Standard Serial Number (меѓународен стандарден број на книгата) е број кој е многу важен за публикацијата и тој го идентифукава изданието, издавачот, како и земјата каде што е издадена книгата.

Материјалот кој треба да биде издаден, заедно со доделениот ISBN број се доставува до Центарот за комплетирање и обработка на библиотечен материјал во Националната и универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје - НУБ, за да се изработи CIP запис. За изработка на CIP потребно е да се уплати 600 денари по единица, на жиро сметка на НУБ. Изработениот CIP запис треба да се најде испечатен на некоја од почетните страници (вградување на записот во публикацијата, во неизменета форма, на стандардизирано, издвоено, графички истакнато место, без превод, менување писмо, редизајн, дополнување, скратување итн.)

По излегувањето од печат, Издавачот има законска обврска да достави 5 примероци од единицата во Националната и универзитетска библиотека - 5 примероци, за секој јазик/писмо на исто издание (сите видови ЗП), 5 примероци, за секое повторено печатење/умножување (сите видови ЗП) и 1 примерок на магистерски и докторски трудови (Библиотеката на МФС по службена должност ги испраќа магистерските тези и докторските дисертации).

Освен во НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје, по најмалку 5 примероци од учебниците се доставуваат во Библиотеката на МФС, а најмалку еден примерок, доколку не се работи за учебно помагало. За повеќе информации можете да ја посетите веб страната на НУБ
(http://www.nubsk.edu.mk).

 

 

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top