Конкурс за студентска мобилност за студирање и пракса/стажирање во рамки на ЕРАЗМУС+ програмата за летниот семестар во академската 2026-2027 година
Активен е Конкурсот за студентска мобилност за студирање и пракса/стажирање во рамки на ЕРАЗМУС+ програмата за летниот семестар во академската 2026-2027 година.
Студентите апликанти треба да ги достават апликациите во 4 примероци (еден за архива, еден за студентот, еден за Еразмус+ координаторот и еден за Универзитетот) до Еразмус+ координаторот (доц. д-р Елена Ангелеска) надоцна до 2 октомври 2026 г. за студентските мобилности за студирање, а за студентските мобилности за пракса/стажирање најдоцна до 30 октомври 2026 година.
Една апликација треба да ги содржи следниве документи:
- пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
- уверение за положени испити на македонски јазик;
- уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ-универзитетот, издадена од признат центар/школа за странски јазици;
- уверение за редовен студент - запишан семестар/година (на македонски јазик);
- кратка биографија (Europass CV template);
- мотивациско писмо;
Задолжително:
за студентска мобилност за студирање:
- договор за студирање (Learning Agreement for Studies), во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и факултетот во странство (минимум 20 ЕКТС- максимум 30ЕКТС)
за студентска мобилност за пракса/стажирање:
Детални информации за конкурсот може да најдете на следниот линк: https://ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2026/09/2026-2027_erasmuskonkurs_za_studentska_mobilnost_let…
Договорот за студирање - Learning Agreement (LA) исто така треба да се изготви онлајн на платформата EWP Dashboard, за што има соодветни насоки.
Понатаму, при изготвувањето на договорот за студирање треба да се изберат предмети кои ќе бидат признаени по враќањето на студентот, односно компатибилни предмети од наставната програма на двата факултета, бидејќи потпишаниот LA, односно одобрениот ОLA гарантира дека избраните предмети со број на ЕКТС ќе бидат признаен.
Исто така, треба да се внимава на рокот за номинирање за летниот семестар во академската 2026/2027 година, наведен на официјалната веб-страница на странскиот универзитет, односно студентите апликанти треба да изберат странски универзитет кадешто рокот за номинирање е по 14 октомври 2026 година.
Сите дополнителни информации и формулари за пријавување и листа на потпишани Еразмус+ договори може да ги побарате на интернет-страницата на Универзитетот под: Меѓународна сорабитка – Еразмус+ мобилности – ERASMUS+ - Документи за студентска мобилност (ERASMUS+ - Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје)
За дополнителни информации и поддршка, обратете се кај Еразмус+ координаторот за Машински факултет:
Елена Ангелеска (elena.angeleska@mf.edu.mk)