Проектот „GREENOVET“ – во извештајот на ЕУ за „Учење за одржливоста“ како пример за добра практика

Со особена гордост истакнуваме дека нашиот проект GREENOVET е презентиран како пример на добра практика во најновиот извештај на Европската Унија: "Learning for sustainability in Europe's schools: policy insights and recommendations(стр. 64).
 

Упатуваме голема благодарност до тимот на ЕУ кој го подготви овој извештај каде како единствен пример од нашата земја е елабориран токму проектот GREENOVET.

 
Проектот „GREENOVET: European VET Excellence Platform for Green Innovation“ се реализираше во периодот од 2020 до 2024 година и беше финансиран од страна на програмата Еразмус + (Акција KA3).
 

Проектот во кој учествуваа 18 партнери од Австрија, Финска, Португалија и Македонија го координираше нашиот проф. д-р Бојан Јовановски, сега професор на FH Joanneum University of Applied Science, во Грац, Австрија.

 
Македонскиот тим беше предводен од проф. д-р Трајче Велковски од Машинскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а како партнери во проектот учествуваа и:
  • Сојузот на стопански комори на Македонија,
  • Раде Кончар ТЕП – Скопје,
  • АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје, и
  • Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење.
 
Во рамки на проектот, покрај многуте реализирани активности, како клучни резултати може да се истакнат и:
  • Создавањето на Центарот за извонредност за зелени иновации со седиште на Машинскиот факултет, УКИМ,
  • Поддршка и зајакнување на Националниот натпревар за зелени иновации за средните училишта во Македонија (натпреварот е влезен во петте финалисти на добри практики на ETF Green Skills Awards 2025 во конкуренција на над 250 апликанти од повеќе од 50 земји),
  • Анализа на потребите од зелени работни места во Скопскиот плански регион, итн.
 
Искрени честитки до целиот тим од Машинскиот факултет и до сите партнери за одлично реализираниот проект!

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top