Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Smart Learning Factory – Skopje со задоволство ви ги најавуваат 19-тата EPIEM и 6-тата EurOMA CEE Research Network работилница, кои ќе се одржат од 27 до 29 мај 2026 година во Скопје.
Конференцијата е организирана од страна на Машински Факултет – Скопје, и ќе се одржи во просториите на Smart Learning Factory – Skopje. Конференцијата и работилницата имаат за цел да обединат луѓе од академијата, истражувачи и професионалци од индустријата за да истражат стратегии за унапредување на индустриското инженерство и менаџмент во новата дигитална ера.
Учесниците можат да се претстават со научни трудови или предлози за апликативни, научни или едукативни проекти. Целосната листа на теми е објавена на следниот линк: https://learningfactory.mf.edu.mk/epiem2026/ , каде што можете да најдете и дополнителни информации за градот-домаќин, процесот на регистрација, упатства за поднесување на трудови/проектни предлози и клучни датуми.
19-тото издание ќе се одржи под мотото: „Градење синергии за иновативни решенија за дигитална трансформација“ – слоган што ќе нè обедини во споделување знаење, поттикнување иновации и обликување на иднината на дигиталната трансформација.
Со нетрпение ве очекуваме во Скопје!
