Летна пракса во FabLab Skopje

Почитувани студенти,

FabLab Skopje постои од 1.12.2022 година и е лабораторија за дигитална фабрикација, лоцирана на Машинскиот Факултет во Скопје. Од тогаш до сега креирани се преку 200 проекти и обучени се над 600 млади луѓе.

FabLab Skopje располага со различни 3D принтери, CNC рутери, CNC ласер, мехатронички сетови и друга опрема. Тимот на FabLab Skopje има дефинирано неколку мини проекти што треба да бидат реализирани од студенти практиканти, но очекува идеи и од самите студенти.

Праксата е отворена за студенти од сите факултети што ќе бидат во трета и четврта година во следниот зимски семестар.

Вашето CV со главните вештини и кратко мотивациско писмо (за вашите интереси) испратете ги најкасно до 16.6.2023 12:00 на fablab@mf.edu.mk. Со избраните кандидати ќе одржи кратко интервју и ќе се договори предметот на работа согласно интересите/вештините на студентот и потребите на  FabLab Skopje.

За повеќе информации посетете ја web страната www.fablab.mk

Тимот на FabLab Skopje ќе Ве контактира за понатамошната постапка.

 

Студенти - Тип на содржина: 
praksi

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top