КОНКУРС за избор на идејно решение за лого на Машински факултет - Скопје

Врз основа на Одлука за отпочнување постапка за промена на логото на Машинскиот факултет во Скопје и формирање комисија за распишување конкурс бр.02-2112/1 од 25.10.2018 година, Комисијата за спроведување на постапката распишува

К О Н К У Р С

за избор на идејно решение за лого на Машински факултет - Скопје​

​Член 1​

​Се распишува Конкурс за избор на идејно решение за изработка на заштитен знак (лого) на Машински факултет – Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, (во понатамошниот текст – МФС).

Заштитниот знак (логото), како визуелен идентитет треба да ја одразува функцијата на МФС како една од водечките наставни и научни високообразовни установи од подрачјето на техничко-технолошките науки во Република Македонија.

Член 2​

Заштитниот знак (логото) треба да биде адаптилно и да ги има следниве карактеристики:

  • Заштитниот знак (логото) треба да биде прикажано и испечатено на хартија со формат А4.
  • Заштитниот знак (логото) да биде прикажано во 3 (три) варијанти: црно бела, црно бела негатив и во боја.
  • Заштитниот знак (логото) да биде изработено во моделите на бои RGB, CMYK и PANTONE- со точна техничка спецификација на боите.
  • Заштитниот знак (логото) да биде изработено во векторски формат во: EPS, CDR (Corel Draw) и/или Al (Adobe iliustrator) фајл формат.
  • Заштитниот знак (логото) да биде изработено во битмапирана форма во: GIF, JPG, TIF, и/или PNGфајл формат.

Векторските и битмапираните фајлови со комплетната спецификација да бидат снимени на CD и заедно со испечатените примероци да бидат спакувани и испратени според пропозициите на конкурсот.

Член 3​

​Право на учество на Конкурсот имаат физички и правни лица.

Еден автор може да понуди повеќе идејни решенија.
            Заедно со идејното решение потребно е да се приложи и текст со кој ќе биде објаснет концептот за дизајнот на заштитниот знак (логото).

Рок за поднесување на решенијата е до 25.2.2019 година.

Член 4​

​Наградниот фонд за најдобрите три идејни решенија изнесува 60.000,00 денари, и тоа:

  • 42 000,00 денари за I место,
  • 12 000,00 денари за II место и
  • 6 000,00 денари за III место.

Авторските права ќе се уредат на начин што ќе се склучи договор за откупување на правото на трајно и неограничено користење на авторското дело од страна на МФС за првите три места, без никакви обврски спрема авторот освен утврдената награда.

Член 5​

​По завршувањето на Конкурсот, избраните автори на решенијата писмено ќе се известат и истите ќе се обврзат во рок од 3 (три) работни дена по добивање на известувањето да достават изјава заверена на Нотар за гаранција за оригиналност на идејното решение.
Комисијата го задржува правото да не избере ниту едно решение од поднесените пријави.

Член 6​

Пријавите да бидат доставени во архивата на МФС или со препорачана пратка на следнава адреса:

Машински факултет – Скопје

Ул. Руѓер Бошковиќ 18, 1000 Скопје
со назнака:

За Конкурс за избор на идејно решение за заштитен знак (лого) на МФС.​

Учесниците на конкурсот, решенијата треба да ја достават во затворен плик и читливо наведено на самиот плик „Конкурс за лого – не отварај!“

Во пријавите да бидат доставени и контакт информации од авторот.

Член 7​

Kомисијата за распишување на конкурсот е одговорна за спроведување на конкурсот и евалуација на предлозите според критериуми кои ќе ги утврди и ќе важат подеднакво за сите пријавени.

Член 8

Најдоброто идејно решение ќе биде објавено на сајтот на Машински факултет – Скопје.

 

За било какви прашања во однос на конкурсот, испратете маил на contact@mf.edu.mk.

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top