EPIEM Conference & EurOMA CEE Research Network Workshop

Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Smart Learning Factory – Skopje  со задоволство ви ги најавуваат 19-тата EPIEM и 6-тата EurOMA CEE Research Network работилница, кои ќе се одржат од 27 до 29 мај 2026 година во Скопје.

Конференцијата е организирана од страна  на Машински Факултет – Скопје, и ќе се одржи во просториите на Smart Learning Factory – Skopje. Конференцијата и работилницата имаат за цел да обединат луѓе од академијата, истражувачи и професионалци од индустријата за да истражат стратегии за унапредување на индустриското инженерство и менаџмент во новата дигитална ера.

Учесниците можат да се претстават со научни трудови или предлози за апликативни, научни или едукативни проекти. Целосната листа на теми е објавена на следниот линк: https://learningfactory.mf.edu.mk/epiem2026/ , каде што можете да најдете и дополнителни информации за градот-домаќин, процесот на регистрација, упатства за поднесување на трудови/проектни предлози и клучни датуми.

19-тото издание ќе се одржи под мотото: „Градење синергии за иновативни решенија за дигитална трансформација“ – слоган што ќе нè обедини во споделување знаење, поттикнување иновации и обликување на иднината на дигиталната трансформација.

Со нетрпение ве очекуваме во Скопје!

 

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top