Во периодот од 1979 година како помлад асистент, до периодот 2008 како редовен профессор, учествувал во апликативни проекти за стопански претпријатија и од поранешна СФРЈ, а од самостојноста на Република Македонија пред се со домашни фирми, и фирми (рудници и индустриски претрпријатија) во сопственост на странци. Активностите опфаќаат индустриски идејни и главни проекти, учество во инспекциска дејност, вештачења, издавање на атести за машини и уреди, од областа на механизационите машини (багери, кранови, товарачи, дампери, дозери, дробилки, конвеери, сигурносни уреди и др.).
Магистерски труд “АНАЛИЗА НА ОПТОВАРУВАЊАТА НА РАБОТНАТА ОПРЕМА КАЈ ХИДРАУЛИЧНИТЕ БАГЕРИ”, април 1989, Машински факултет- Скопје.
Докторска дисертација:”АЛГОРИТАМСКИ ПРИОД ЗА СИНТЕЗА И АНАЛИЗА НА РАБОТНИТЕ МЕХАНИЗМИ КАЈ МАШИНИТЕ ЗА УТОВАР”, април 1996, Машински факултет- Скопје
Некои презентирани трудови на конференции во Р.Македонија (по 2000 година):
1. Јанчевски Ј.;”Дијапазони на стабилноста на багерите, автодигалките и товарната механизација”, стр.111-117, VII симпозиум за теоретска и применета механика, Струга, 28-30 септември 2000.
2. Јанчевски Ј.;”Некои аспекти за софтверот за компјутерска симулација на механичките системи”, стр.105-110, VII симпозиум за теоретска и применета механика, Струга, 28-30 септември 2000.
3. Јанчевски Ј.; “Движење на индустриските манипулатори по сложени зададени траектории”, VIII - Симпозиум за теориска и применета механика, Стр.57-62, Скопје, 3-5.X. 2002
4. Јанчевски Ј.; “Едукативен софтвер за механички системи со директни структурни модификации”, ZPII, International Conference: “Manufacturing and Management in 21-st Century", М1-51, Охрид , 16-17 Септември 2004
Некои од трудовите презентирани во странство:
Јанчевски Ј.; " Аспекти за креирање на едукативен софтвер за градежни и рударски машини", стр.:5/15 -5/17, XVII Меѓународна конференција за проток на материјали, машини и уреди во индустријата , ICMFMDI, Белград, Септември.12-13. 2002.
Јанчевски Ј.; " Елементи на едукативниот софтвер за механички системи ", 2.Меѓународен Научен Симпозиум : Од идеја до продукт, Том, 1, стр.:60-65, Порторож, Словенија,, 18-22.Април., 2004.
Јанчевски Ј.; " Компјутерски симулации на комплексни механизми ", 3.Меѓународен Научен Симпозиум : Од идеја до продукт, Том, 1, стр.:105-108, Порторож, Словенија, .Април., 2005.
Јанчевски Ј.; " Принципи на интерактивниот софтвер за сложени работни механизми", Поканет - Keynote paper, (стр.:107-112), XVIII Меѓународна конференција за управување со материјални токови, конструкции и логистика , ICMHCL, Белград, 19-21. Окт, 2006.
Јанчевски Ј.; " Специфични пресметки во машинството со користење на методот Screen Contact ", 5.Меѓународен Научен Симпозиум : Од идеја до продукт, Порторож, Словенија, .Април., 2007.
Јанчевски Ј.; " Компјутерски симулации на тешко оптоварени верижни транспортери", 6.Меѓународен Научен Симпозиум : Од идеја до продукт, Порторож, Словенија, .Април., 2008.
Магистерска тема: Анализа на оптоварувањата на работната опрема кај хидрауличните багери, Универзитет -”Св.Кирил и Методиј”, Машински факултет, Скопје, 1989.
Докторска дисертација: Алгоритамски приод за синтеза и анализа на работните механизми кај товарачите, Универзитет -”Св.Кирил и Методиј”, Машински факултет, Скопје, 1996.
Јанчевски Ј., Ивановски Х., “Компјутерски симулационен модел за работните механизми на товарачите”, (9.Светски Конгрес за теорија на механизмите и машините), Милано, Италија, 30 Авг - 2.Септ. 1995. (ТОМ 4).
Ивановски Х., Јанчевски Ј., Е.Ветаџоковска, “Визуелна компјутерска симулација на движењето на брегастите механизми со сложен профил”, Меѓународна конференција за механички трансмисии и механизми, Пекинг, Кина, 1-4 Јули, 1997.
Јанчевски Ј., Ивановски Х., “Визуелна компјутерска симулација на цилиндрични запченици и брегасти механизми”, Меѓународна конференција за интелигентна контрола на движење, трансмисија на моќност и механизми, (IMPT-100), Токио, Јапонија, Јули,1997 (.
Јанчевски Ј., Ивановски Х., “Кинематска анализа и синтеза на лостови механизми со 3-кинематска класа преку компјутерска симулација на движењето”, Меѓународен симпозиум “Машини и Механизми”, (ISMM '97), Белград, Септември 2-7, 1997
Јанчевски Ј.; " Приод за визуелна компјутерска симулација на багери, товарачи и хидраулични кранови”, XVI Меѓународна конференција за проток на материјали, машини и уреди во индустријата , ICMFMDI, str. 1/22-1/24, Белград, . 2000.
.Моите трудови објавени во Зборникот на Машинскиот факултат - Скопје во периодот од 1988-2008 се всушност трудови кои се базирани на методот на “ЕКРАНСКИ КОНТАКТИ” и модулот “ТРЕТ”- методи кои се официално воведени во докторската дисертација (1996). Други трудови објавени во зборникот:
. . . . . .
- Ј.Јанчевски.;”Оценка на точноста на резултатите на компјутерската програма TMI”, Зборник на трудови на Машински факултет-, бр.18/1-2, стр.61-67, Скопје, 1999
- Јанчевски Ј.; “Универзален модул за пресметка на реакции кај работните механизми на товарачите, багерите и автокрановите”, Зборник на трудови на Машинскиот факултет, бр.21/1 стр.37-42, Скопје, 2002.
- Јанчевски Ј., “Компутерско управување на индустриските конвеери”, Зборник на трудови на Машински факултет ,бр.25/2, стр.91-94 - Скопје, 2005
- Јанчевски Ј., “Модул за пресметка на реакциите кај хидрауличните багери, товарачи и телескопски кранови”, Зборник на трудови на Машински факултет, бр.24/2, стр. 87-90, Скопје, 2005
- Јанчевски Ј., “Пресметка на сложени профили во техничката механика со користење на TMI програмот”, Зборник на трудови на Машински факултет, бр.25/2, стр.51-57, Скопје, 2006