Упатуваме голема благодарност до тимот на ЕУ кој го подготви овој извештај каде како единствен пример од нашата земја е елабориран токму проектот GREENOVET.
Проектот „GREENOVET: European VET Excellence Platform for Green Innovation“ се реализираше во периодот од 2020 до 2024 година и беше финансиран од страна на програмата Еразмус + (Акција KA3).
Проектот во кој учествуваа 18 партнери од Австрија, Финска, Португалија и Македонија го координираше нашиот проф. д-р Бојан Јовановски, сега професор на FH Joanneum University of Applied Science, во Грац, Австрија.
Македонскиот тим беше предводен од проф. д-р Трајче Велковски од Машинскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а како партнери во проектот учествуваа и:
- Сојузот на стопански комори на Македонија,
- Раде Кончар ТЕП – Скопје,
- АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје, и
- Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење.
Во рамки на проектот, покрај многуте реализирани активности, како клучни резултати може да се истакнат и:
- Создавањето на Центарот за извонредност за зелени иновации со седиште на Машинскиот факултет, УКИМ,
- Поддршка и зајакнување на Националниот натпревар за зелени иновации за средните училишта во Македонија (натпреварот е влезен во петте финалисти на добри практики на ETF Green Skills Awards 2025 во конкуренција на над 250 апликанти од повеќе од 50 земји),
- Анализа на потребите од зелени работни места во Скопскиот плански регион, итн.
Искрени честитки до целиот тим од Машинскиот факултет и до сите партнери за одлично реализираниот проект!