Програма за платена пракса A1 WayUp

Ни претставува голема чест и задоволство, како ценета и реномирана образовна институција да ве информираме дека А1 Македонија и оваа година, трет пат по ред ја имплементира програмата за платена пракса, A1 WayUp.

Во оваа прилика го најавуваме почетокот на пријавувањето за сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите. Повикот е отворен за 15 дипломци кои дипломирале во последните 12 месеци или кои годинава ќе ги завршат своите студии, а својата кариера сакаат да ја градат во А1 Македонија во една од следниве области: E-commerce/Digital Transformation, Data Science & Analytics, Infrastructure & Cloud, ICT Solutions и IT Systems & Technology.

Доколку бидат избрани, кандидатите ќе имаат можност да започнат да го градат својот кариерен пат со работа на реални проекти заедно со нашите искусни тимови, од кои ќе добијат целосна поддршка и едукација за да ги усовршат своите знаења и да стекнат нови вештини.

Периодот за аплицирање започнува од денес 12 јуни и трае до 12 јули 2023 година, а сите заинтересирани може да испратат кратка биографија и преку формулар да се пријават за една од позициите предвидени во оваа програма. Процесот на селекција ќе се изврши во согласност со потребните компетенции и вештини на кандидатите, дополнителна евалуација на компетенции и тестови за лични карактеристики, а селектираните кандидати ќе бидат повикани на финално интервју за детално запознавање со сите услови за работа.

Програмата е платена и трае 6 месеци, со полно работно време од 40 часа, со можност за вработување и пред завршување на програмата. Практикантите ќе имаат можност да работат на проекти поврзани со автоматизација, анализа на податоци и виртуализација, развој на дигитални решенија, мрежна инфраструктура, ИТ системи и развој на ИТ решенија. Повеќе информации за позициите и за профилите може да се најдат на кариерната страница https://jobs.a1.com/mk/aplicirajte/a1-wayup-2023/.

Целта на A1 WayUp е да им пружи на младите богато работно искуство исполнето со предизвици во некои од најактуелните теми на денешницата – Data, IT, Cloud & Infrastructure итн.

Студенти - Тип на содржина: 
praksi

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top