ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ПРАЈСВОТЕРХАУСКУПЕРС РЕВИЗИЈА ДОО - Скопје

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ПРАЈСВОТЕРХАУСКУПЕРС РЕВИЗИЈА ДОО -  Скопје

На 13.03.2019 година во просториите на Машинскиот факултет беше потпишан договор за соработка со реномираната ревизорска корпорација PricewaterhousCoopers (PwC). Договорот го потпишаа Деканот на Машинскиот факултет (МФС), проф. д-р Дарко Данев и Партнерот во PwC и регионален менаџер одговорен за Македонија, Албанија и Косово, Г-дин Петко Димитров.

Помеѓу другото, со меморандумот за соработка се предвидува:

  • Презентирање на практично искуство и инструкции од вработени на PwC на студенти на МФС како и образовни и практични презентации на истра­жувачи и студенти на МФС на вработени на PwC;
  • Заедничка работа на научни и стручни проекти како и заедничко учество на состаноци, работилници, академски или професионални собири;
  • Обезбедување можности од страна на PwC, студентите на МФС да учествуваат во програмите на PwC за пракса и стажирање;
  • Давање препораки за вработување на студенти на МФС по барање на PwC;
  • Активности за организирање заеднички истражувачки лаборатории /работилници, проектни активности, натпревари и сл., од взаемен интерес; итн.

Со задоволство е констатирано дека веќе два машински инженера работат во PwC, а моментално 3 практиканти од IV година од насоката индустриско инженерство и менаџмент стажираат во компанијата и ја реализираат својата пракса од VIII семестар.

По потпишувањето на Меморандумот за соработка Г-дин Петко Димитров и Г-дин Даниел Јордановски, во рамки на предметот Проектен менаџмент, го одржаа и првото од серијата на предавања на тема „Дигитализација“.

 

 

    

   

    

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top