ПОСЕТА НА КОГЕНЕРАТИВНА ТЕРМОЕНЕРГЕТСКА ПОСТРОЈКА ТЕ-ТО АД СКОПЈЕ

На ден 29.12.2023 година студентите на студиската програма Енергетика и екологија (ЕЕ) и Автоматизација и управувачки системи (АУС) на прв циклус студии, трета година на студии, направија посета на когенеративната постројка ТЕ-ТО АД Скопје.

Посетата беше организирана од страна на професор д-р Ристо Филкоски и асистент м-р Моника Улер-Зефиќ, а реализирана од страна на Сашо Димковски, оперативен извршен директор во ТЕ-ТО, дипломиран машински инженер. Тој одржа сеопфатна презентација за компанијата, претставувајќи ја историјата на проектот, карактеристиките на технологијата на комбинираниот циклус, давајќи увид во термодинамичките циклуси и опремата на постројката што се користи за производство на електрична и топлинска енергија. Студентите имаа можност да прошетаат на локацијата, да ја погледнат опремата во реалноста, со цел надополнување на теоретското заење кое го имаат стекнато во текот на студиите и стекнување искуство во индустриски капацитети. Исто така, тие беа воведени во начинот на мониторирање на работата на постројката преку SCADA системот со кој се прави моментално и континуирано следење на параметрите и перформансите на постројката, системите за безбедност и заштита на опремата, системите за мерење на емисии во воздухот.

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top