Наши студенти се пласираа во финалето на Teaching Factories Competition организирано од EIT Manufacturing

Четворица студенти од насоката ИИМ под менторство на вонр. проф. д-р. Бојан Јованоски, го освоија првото место за решавања на реален случај од компанијата Ge- Avio од Италија, поддржан од Европската Унија.

Неодамна беа објавени резултатите од натпреварот „Teaching Factories Competition“ спроведен од EIT (Европскиот центар за иновации и технолошки развој) каде тимот од Машинскиот факултет – Скопје го освои првото место и успеа да се пласира во финалето кое ќе се одвива во Брисел, Белгија. Тимот беше предводен од четворица наши колеги: Дамјан Ристовски, Михаела Златеска, Теодора Танчевска и Даниела Стојановска - студенти на Машинскиот факултет, насоката Индустриско Инженерство и Менаџмент.

Во период од април до октомври 2022 година активно се работеше на проектот за „зелени иновации и подобрувања“ заедно со компанијата Ge- Avio од Италија. Во финалето тие ќе се натпреваруваат со противници од универзитетите од: Mondragon University- Шпанија, CAS Lavoslav Ružička Vukovar- Хрватска, University of Patras- Грција, ELTE Informatikai Kar Savaria Műszaki Intézet- Унгарија, University of Pisa- Италија.

Со ова се потврдува дека на Машинскиот факултет во Скопје студентите се подготвени да решаваат нови проблеми, и тоа на интернационално ниво.
Да им посакаме понатамошен успех во финалето на нашите колеги и колешки.

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top