На ден 20.02.2024г (вторник) со почеток во 14:00 часот во училница К2-14 во новата зграда на вториот кат, претставници на групацијата Лимак ќе одржат презентација на иницијативата GEG и ќе ги претстават можностите за парични стипендии и менторска поддршка на студентките од Машинскиот факултет.
Групацијата Лимак веќе втора година ја спроведува иницијативата Global Engineer Girls (GEG) во Македонија,
Oсновна мисија на GEG иницијативата е да обезбеди ефективна поддршка за девојките и младите жени кои сакаат да бидат инженери да стекнат соодветно практично искуство и да изградат кариера во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката, позната како СТЕМ област.
За да ја исполни оваа мисија, GEG North Macedonia ќе обезбеди стипендии за девојки кои се запишале и студираат на инженерски факултети на државните универзитети во земјава. Дополнително, GEG ќе обезбедува и програми за менторство и развој на дигитални и меки вештини, како и можности за практикантска работа за младите жени - инженери.
Целта на овие активности е да се намали постојниот родов јаз во СТЕМ областа во земјава, со тоа што ќе се зголеми учеството на жените во овие сектори и занимања кои историски се доминирани од мажите.
Аплицирајте на линкот и станете и Вие дел од GEG.