ГОЛЕМ УСПЕХ НА МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ОЛИМПИЈАДА

На Меѓународната студентска олимпијада за проектирање на технологии за обработка со обликување за 2019 година, нашиот студент Ташули Талески, од насоката Производно инженерство при Институтот за производно инженерство и менаџмент на Машинскиот факултет во Скопје, го освои првото место.

Олимпијадата се организира од 2015-та година под покровителство на QuantorForm Ltd., производител на специјализиран софтвер за нумерички симулации за технологии на обработка со обликување. На натпреварот учествуваат над 40 универзитети со технички факултети на кои се изучуваат технологии за обработка со обликување.

https://www.qform3d.com/files_com/images/Task_execution_plan_2019_0.png

Секоја година студентите-учесници добиваат задача, за готов производ да проектираат соодветна технологија и алат, и направат верификација на предложената технологија со компјутерска симулација на деформацијата на работното парче, користејќи го софтверот  QForm. Оваа година, задачата беше реален проблем подготвен од германската компанија KB Schmiedetechnik.   Нашиот колега, Ташули Талески, под менторство на асистент м-р Огнен Тутески во конкуренција од 139 учесници од 14 различни земји го изработи најдоброто решение и го освои првото место на натпреварот.

 

Извор: https://kb-schmiedetechnik.de/konstruktion.html

 

Олимпијадата се реализира во исто време за сите учесници, и тоа  во 2 фази:

  1. Натпревар на национално нивоСтудентите од Македонија се натпреваруваат меѓу себе со цел да се избере победничкиот извештај кој се испраќа за интернационално оценување.
  2. Натпревар на интернационално ниво. Сите победнички извештаи од државите кои учествуваат се испраќаат до интернационалната научна комисија за оценување составена од експерти од областа од 14 различни држави. Секој член на комисијата ги бира 3те најдобри извештаи кои соодветно добиваат бодови.

https://www.qform3d.com/files_com/images/results_2019.jpg

Институтот за производно инженерство и менаџмент со катедрата за технологии на обликување со пластични деформации, веќе 3 години се локални организатори на овој настан на кој учествуваат студенти од Машинскиот факултет во Скопје. Проектирањето на технологиите за обработка со обликување, конструкцијата на алатите и нумеричките анализи кои се неопходни за валидација на резултатите се опфатени во повеќе наставни предмети од студиските планови на Институтот и Катедрата. Студентите на Машинскиот факултет во изминативе три години учество на Олимпијадата, во голема конкуренција, заземале некое од  првите три места. Во 2017-та првиот учесник, Благоја Несторовски, го освои второто место, Ане Китаноска во 2018-та година го освои третото место, а оваа година Ташули Талески беше победник на натпреварот. Навистина се гордееме со успехот на нашите студенти и се надеваме дека овој тренд ќе продолжи и во иднина.

    

                 2017                                     2018                                         2019

 

Линкови:

 

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top