Георгиевски Владимир

Фотографија: 
Академски ранг: 
Професори во пензија
Основни податоци
Контакт: 

Maшински факултет, Kaрпош II б.б., 1000 Скопје, Република Северна Македонија

Телефон: 
+389 (0)2 3099 282
Телефакс: 
+389 (0)2 3099 298
E-mail: 
vladimir.georgievski@mf.edu.mk
Биографија
Биографија: 

Проф. д-р ВЛАДИМИР С. ГЕОРГИЕВСКИ, дипл.маш.инж. е роден

во Смедерево на 12.09.1943 год. Дипломирал на Електро - машинскиот факултет во Скопје во 1968 год. - машински отсек. Во 1968 год. е избран за асистент на истиот факултет. Во 1973 год.  бил на едногодишна специјализација во Институтот за материјали во Ахен, СР Германија, како стипендист на DAAD. Во 1978 год. е избран за Предавач на Машинскиот факултет во Скопје. Магистрирал во 1978 год. на Машинскиот факултет - Скопје на тема “Просторни решеткасти системи”, а во 1980 год. е избран за Виш предавач.  Докторирал 1984 год. на Машинскиот факултет во Скопје на тема “Просторни решеткасти системи - напонска прераспределба и деформации при парцијална нестабилност на одделни елементи”. Во 1984 год. е избран за Вонреден професор, а во 1988 год. за Редовен професор на Машинскиот факултет - Скопје. Во изминатиов период, Проф.д-р Владимир Георгиевски бил Претседател на Факултетскиот совет на Машинскиот факултет во Скопје 1984 -1986 год., Претседател на Извршниот одбор на Машинскиот факултет во Скопје 1986 -1988 год., Раководител на Институтот за заварување и заварени конструкции при Машинскиот факултет - Скопје во неколку  мандати од 1983 год., член на Сенатот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје 2000 - 2004 год., Претседател на Друштвото за заварување и контрола без разорување на РМ, 2000 - 2002 год. и др.

 Главен стручен и научен интерес му се носечките метални констукции (челични и алуминиумски), машинските материјали, испитувањето и контролата на заварените и други констукции. Од оваа област ја одржувал и наставата на додипломските и постдипломските студии на Машинскиот факултет во Скопје. Бил член на комисија и ментор на голем број (преку 100) дипломски работи, како и на повеќе магистерски и докторски (преку 30) работи од оваа област.

Учесник и/или раководител е на повеќе од 200 стручни и научни трудови од областа на носечките метални конструкции, материјалите, заварувањето и контролата и испитувањето на конструкциите.  Автор е на 3 основни универзитетски учебници и една збирка задачи од оваа област. Во 1990 год.  доделена му е наградата “13 Ноември” на град Скопје од областа на науката, за монографската книга “Лаке металне конструкције - просторни решеткасти системи”, издадена од познатата издавачка куќа за стручна и научна литература “Граѓевинска књига”  од Белград.

Под негово раководство изработени се поголем број главни проекти за носечки метални конструкции на: спортски сали, бензиски пумпи, индустриски хали, антенски столбови и др., кои се изведени во повеќе места и градови во Р.Македонија, како и голем број експертизи и стручни мислења од оваа област. При тоа, треба да се нагласи дека во голем број од реализираните проекти  Проф. д-р Владимир Георгиевски учествувал и како консултант и советник на Инвеститорот.

Проф. д-р Владимир Георгиевски во изминатиов период од 40 години учествувал во стручен тим или бил раководител и координатор при вршење суперконтроли (надзор) на голем број носечки метални конструкции на различни објекти (спортски и индустриски хали,  антенски столбови, жичарници и ски-лифтови, покривни конструкции на бензински пумпи и т.н.). Во текот на целиот овој период бил и редовен член и раководител на овластената техничка комисија за технички прегледи на жичарниците и ски-лифтовите во Р.Македонија.

Подетален преглед со кратка содржина и осврт кон стручните и научните трудови, соработката со стопанството и другите дејности на Проф. д-р Владимир Георгиевски се презентирани во рецензиите објавени во Билтените на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје при неговите избори и реизбори во звања, почнувајќи од асистентското во 1968 год., па се до редовен професор во 1988 год. и повторниот (доживотен) реизбор во истото звање во 2000 год.

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top