Анкета за прибирање идеи за подобрување на web страната на МФС

Почитувани,

во насока на одбележување на јубилејот од 60 години студии по машинство и подобрување на нашата видливост, а согласно честите коментари и дискусии од членовите на ННС и студентите, иницираме процес за изработка на нова web-страната на МФС.

Ве молиме со овој едноставен прашалник да ни помогнете да го направиме нашиот сајт што е можно поинформативен и поорганизиран. Со овој прашалник очекуваме да предложите идеи кои мислите дека треба да бидат инкорпорирани во новиот сајт (како на пример предлог за подобра насловна страна, предлог за подобра персонална страна за секој член од наставниот кадар, подобар преглед на стипендиите/праксите што се нудат, подобра секција со слики/видеа и слично).

Најискрено Ви благодариме на сите Ваши коментари и идеи.

Повелете линк до анкетата

https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=LuWhupzR10mkrdWyOhzhtrRNEdaP5JNJvJRkwYvQyw1UOUpTWFNYMU9CQkZTUkNTT0gwUUNIRkdWMy4u

Со почит,

Деканат на МФС

 

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top