Саем за вработување и кариера - Job Fair 2017

Почитувани студенти,

Студентската организација БЕСТ Скопје оваа година го организира тринаесеттото издание на Саемот за вработување и кариера - Job Fair 2017.  Чест ни е да ве информираме дека годинава ќе имате можност да стапите во директен контакт со претставници од повеќе од 30 компании и да се запознаете со нивната работа и можностите кои ни ги нудат нам, студентите. 

И оваа година, Job Fair ќе се одржи во холот на ФЕИТ/МФС и ФИНКИ/ТМФ. Концептот е следен:

- 4 и 5 Април - денови на IT компании

- 6 и 7 Април - денови на електро и машински компании

Воедно, за време на саемот ќе се одржуваат и предавања, презентации и case studies од страна на компаниите, на кои ќе можете да присуствувате и вие. Предавањата се на најразлични теми, од презезентации за она што работат компаниите, до симулации на интервју со вашите идни работодавци.

Посетете ја официјалната веб страна за Job Fair 2017 и оставете CV кое ќе биде дел од датабазата до која имаат пристап сите компании од саемот: www.jobfair.org.mk

Следете ги сите новости за Job Fair на Facebook настанот: https://www.facebook.com/events/275264956235442/

Не ја пропуштајте оваа можност да се надоградите себеси и да направите нешто повеќе за својата иднина!

Со почит,

БЕСТ Скопје.

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.ukim.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top