СООПШТЕНИЕ за задолжителен систематски преглед за студентите од прва година запишани во учебната 2023/2024

Се известуваат сите студенти запишани по првпат во прва година во учебната 2023/2024 дека треба да се јават на задолжителен систематски преглед во период

од 7:30 до 12:00 часот секој работен ден

во ЗУ Поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје, сместена во студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“, бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 58.
Систематскиот преглед опфаќа: општ медицински преглед, стоматолошки преглед и лабораторија (во лаборатoрија од 7.30 до 10.00 часот).

Потребни документи:

  1. Индекс;
  2. Заверена здравствена легитимација
  3. Копија од здравствена легитимација од страна 2 до страна 5.

ВАЖНО: Систематскиот преглед е задолжителен услов за заверка на зимскиот семестар и упис на летниот семестар во учебната 2023/24 година, а доказ за тоа е печатот на ЗУ Поликлиника на УКИМ на задната страна од индексот.

 

МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ

Скопје, 17.01.2024

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top