Теми за дипломска работа за професионални студии

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ЗА ЈАНУАРСКО - ФЕВРУАРСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧЕБНАТА 2024/2025 ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ

Пријавувањето на испити за Јануарско-февруарската испитна сесија во учебната 2024/2025 година, ќе се врши ЕЛЕКТРОНСКИ преку IKnow системот во периодот од:

24.12.2024 до 14.01.2025 година

Студентите кои ќе ги пријават испитите во Iknow системот, исто така се должни да пополнат пријава во  хартиена форма (за секој испит поединечно) и истите да ги достават до предметните наставници.

Уредно пополнетата хартиена пријава се остава во испитната тетратка  на денот на полагање на испитот.

Напомена: Пријавите треба да бидат превиткани на половина по должина (вертикално).

За секое задоцнето пријавување на испитите, по 14.01.2025 година, студентите се должни да уплатат казна од 1000 денари (по испит).

Јануарско-февруарската испитна сесија ќе трае од 15.01.2025 до 03.02.2025 година.

Забелешка: ЗАДОЛЖИТЕЛНО е да се пријават во iknow системот и предметите кои ќе ги положите преку тестови/колоквиуми.

 

Скопје, 24.12.2024                                           МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ

Машински факултет – Скопје е партнер во проектот Erasmus+ „Save Life“: Иновативни дигитални материјали за обука за Прва Помош и Напредна Животна Поддршка

Еразмус проектот „Save Life: Reorganizing Basic/Advanced Life Support Training Through the Use of Innovative Digital Materials“, кој го спроведувавме изминативе две години, влегува во својата завршна фаза, но неговото значење и влијание ќе продолжат да се чувствуваат во годините што следат. Овој проект е финансиран од Европската Унија во рамките на програмата Erasmus+ KA220 и има за цел да ги револуционизира методите за обука во основната и напредната животна поддршка (Basic and Advanced Life Support - B/ALS) преку обезбедување дигитални ресурси и иновативни материјали за обучување.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, преку кадарот од Медицинскиот факултет и Машинскиот факултет, е активен партнер во овој проект, придонесувајќи со својата експертиза и знаење. Медицинскиот факултет помогна во развојот на едукативните материјали и обуките за медицинскиот персонал, додека Машинскиот факултет се фокусираше на дизајнот на интерактивните дигитални алатки и ресурси.

Целта на проектот „Save Life“ е решавање на важни предизвици поврзани со давање прва помош и заштита на човечкиот живот. Со оглед на тоа што кардиоваскуларните заболувања, особено акутните коронарни синдроми, се водечки причинители за смртност во светот, навремената и ефикасна кардиопулмонална реанимација (CPR) е клучна за подобрување на стапката на преживување кај пациентите. Проектот одговори на оваа потреба преку создавање на дигитална платформа која нуди флексибилна и континуирана обука за B/ALS, што е особено важно во услови на чести ажурирања на CPR насоките и нарушувања предизвикани од настани како што беше пандемијата на COVID-19.

Конзорциумот на проектот ги обедини напорите на осум партнерски институции од шест различни земји: Yildiz Technical University (Турција) - Координатор; University of Health Sciences (Турција); Medical University Sofia (Бугарија), Panepistimio Thessalias (Грција), Bukovinian State Medical University (Украина), Ss. Cyril and Methodius University (Северна Македонија), Silesian University of Technology (Полска), RQ Consultancy Ltd. Co. (Турција).

Една од најзначајните придобивки од проектот е развојот на специјализирани курсеви и дигитални материјали за обука. Овие ресурси се насочени кон универзитетскиот кадар, студенти по медицина, медицински сестри, парамедици и лекари кои работат или ќе работат во средини со висок ризик. Преку интерактивни видеа, електронски книги и алатки за онлајн и хибридна обука, проектот ги прави овие материјали лесно достапни за медицинскиот персонал од различни социоекономски средини.

Во рамките на проектот успешно организиравме повеќе настани за обука (Learning, Teaching, and Training – LTT настани), кои послужија како платформа за размена на знаења и јакнење на капацитетите на наставниот кадар. Дополнително, беа организирани и мултиплицирачки настани, насочени кон ширење на резултатите од проектот и нивно презентирање пред пошироката јавност. Овие настани не само што овозможија ширење на знаењето, туку и поттикнаа соработка и размена на добри практики меѓу различните институции и професионалци.

Проектот има потенцијал за долгорочно влијание врз квалитетот на обуката за итна медицинска помош низ Европа. Обезбедувајќи бесплатен и отворен пристап до материјалите за B/ALS, проектот придонесува за зголемена подготвеност и ефикасност на здравствените работници при справување со итни случаи, со што директно се спасуваат животи.

Повеќе информации за проектот и неговите активности може да најдете на официјалната веб-страница: https://savelife.yildiz.edu.tr/

Дигиталните материјали за обука се достапни на следната веб-страница: https://savelife.polsl.pl/

Се заблагодаруваме на сите учесници, партнери и соработници кои придонесоа за успешната реализација на проектот „Save Life“. Заедно продолжуваме да градиме посигурна и поодржлива иднина!

ПОСЕТА НА КОГЕНЕРАТИВНА ТЕРМОЕНЕРГЕТСКА ПОСТРОЈКА ТЕ-ТО АД СКОПЈЕ 16.12.2024

ПОСЕТА НА КОГЕНЕРАТИВНА ТЕРМОЕНЕРГЕТСКА ПОСТРОЈКА ТЕ-ТО АД СКОПЈЕ
од страна на студентите на студиските програми Енергетика и екологија (ЕЕ), Термичко и енергетско инженерство (ТЕИ), Автоматизација и управувачки системи (АУС) и Хидраулично енергетско инженерство (ХЕИ)

На ден 16.12.2024 година студентите на прв циклус студии од студиските програми Енергетика и екологија (ЕЕ), Термичко и енергетско инженерство (ТЕИ), Автоматизација и управувачки системи (АУС) и Хидраулично енергетско инженерство (ХЕИ), направија посета на когенеративната постројка ТЕ-ТО АД Скопје. Посетата беше организирана од страна на професор д-р Ристо Филкоски и асистент м-р Моника Улер-Зефиќ, а реализирана од страна на Сашо Димковски, оперативен извршен директор во ТЕ-ТО и дипломиран машински инженер.
Посетата започна со детална презентација за компанијата, која опфати историски податоци за изградбата на постројката, како и разгледување на техничките карактеристики на постројката, која се базира на когенеративен принцип на работа за истовремено производство на електрична и топлинска енергија со висока ефикасност и минимално влијание врз животната средина.
На студентите им беше одржано теоретско предавање на високо техничко ниво, при што беа запознаени со напредните инженерски решенија имплементирани во постројката. Предавањето опфати детални објаснувања за функционирањето на парната и гасната турбина, котелот утилизатор, генераторите и системите за дистрибуција на топлинска енергија. Претставен беше начинот на мониторинг на работата на постројката со користење на SCADA систем, кој овозможува прецизно следење на техничките параметри на сите процеси во реално време и оптимизација на работата на постројката.
Покрај техничките аспекти, студентите добија и обука за безбедност и здравје при работа, во која беа претставени специфичните протоколи кои се применуваат при посета на високоризични индустриски објекти како ТЕ-ТО. Во последниот дел од посетата, студентите имаа можност да прошетаат на терен, да ги видат главните објекти на постројката и преку директна интеракција со инженерите да се запознаат со комплексноста на целиот систем.
Оваа посета претставуваше можност за студентите да го надополнат теоретското знаење стекнато за време на студиите со практичен увид во функционирањето на еден значаен енергетски капацитет во државата.

Pages

Наши проекти

Contact Us

University "St. Cyril and Methodius"

Faculty of Mechanical engineering - Skopje
Karpos II bb
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Tel:+ 389 2 3099-200
Fax:+ 389 2 3099-298

Follow us

Follow us on:

Gallery

Galerija       

       

Back to Top