ПОСЕТА НА КОГЕНЕРАТИВНА ТЕРМОЕНЕРГЕТСКА ПОСТРОЈКА ТЕ-ТО АД СКОПЈЕ 16.12.2024

ПОСЕТА НА КОГЕНЕРАТИВНА ТЕРМОЕНЕРГЕТСКА ПОСТРОЈКА ТЕ-ТО АД СКОПЈЕ
од страна на студентите на студиските програми Енергетика и екологија (ЕЕ), Термичко и енергетско инженерство (ТЕИ), Автоматизација и управувачки системи (АУС) и Хидраулично енергетско инженерство (ХЕИ)

На ден 16.12.2024 година студентите на прв циклус студии од студиските програми Енергетика и екологија (ЕЕ), Термичко и енергетско инженерство (ТЕИ), Автоматизација и управувачки системи (АУС) и Хидраулично енергетско инженерство (ХЕИ), направија посета на когенеративната постројка ТЕ-ТО АД Скопје. Посетата беше организирана од страна на професор д-р Ристо Филкоски и асистент м-р Моника Улер-Зефиќ, а реализирана од страна на Сашо Димковски, оперативен извршен директор во ТЕ-ТО и дипломиран машински инженер.
Посетата започна со детална презентација за компанијата, која опфати историски податоци за изградбата на постројката, како и разгледување на техничките карактеристики на постројката, која се базира на когенеративен принцип на работа за истовремено производство на електрична и топлинска енергија со висока ефикасност и минимално влијание врз животната средина.
На студентите им беше одржано теоретско предавање на високо техничко ниво, при што беа запознаени со напредните инженерски решенија имплементирани во постројката. Предавањето опфати детални објаснувања за функционирањето на парната и гасната турбина, котелот утилизатор, генераторите и системите за дистрибуција на топлинска енергија. Претставен беше начинот на мониторинг на работата на постројката со користење на SCADA систем, кој овозможува прецизно следење на техничките параметри на сите процеси во реално време и оптимизација на работата на постројката.
Покрај техничките аспекти, студентите добија и обука за безбедност и здравје при работа, во која беа претставени специфичните протоколи кои се применуваат при посета на високоризични индустриски објекти како ТЕ-ТО. Во последниот дел од посетата, студентите имаа можност да прошетаат на терен, да ги видат главните објекти на постројката и преку директна интеракција со инженерите да се запознаат со комплексноста на целиот систем.
Оваа посета претставуваше можност за студентите да го надополнат теоретското знаење стекнато за време на студиите со практичен увид во функционирањето на еден значаен енергетски капацитет во државата.

Наши проекти

Contact Us

University "St. Cyril and Methodius"

Faculty of Mechanical engineering - Skopje
Karpos II bb
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Tel:+ 389 2 3099-200
Fax:+ 389 2 3099-298

Follow us

Follow us on:

Gallery

Galerija       

       

Back to Top