Теми за дипломска работа за професионални студии

Георгиевски Владимир

Photo: 
Academic ranks: 
Retired professor
Основни податоци
Contact info: 

Maшински факултет, Kaрпош II б.б., 1000 Скопје, Република Северна Македонија

Phone: 
+389 (0)2 3099 282
Fax: 
+389 (0)2 3099 298
E-mail: 
vladimir.georgievski@mf.edu.mk
Биографија
Биографија: 

Проф. д-р ВЛАДИМИР С. ГЕОРГИЕВСКИ, дипл.маш.инж. е роден

во Смедерево на 12.09.1943 год. Дипломирал на Електро - машинскиот факултет во Скопје во 1968 год. - машински отсек. Во 1968 год. е избран за асистент на истиот факултет. Во 1973 год.  бил на едногодишна специјализација во Институтот за материјали во Ахен, СР Германија, како стипендист на DAAD. Во 1978 год. е избран за Предавач на Машинскиот факултет во Скопје. Магистрирал во 1978 год. на Машинскиот факултет - Скопје на тема “Просторни решеткасти системи”, а во 1980 год. е избран за Виш предавач.  Докторирал 1984 год. на Машинскиот факултет во Скопје на тема “Просторни решеткасти системи - напонска прераспределба и деформации при парцијална нестабилност на одделни елементи”. Во 1984 год. е избран за Вонреден професор, а во 1988 год. за Редовен професор на Машинскиот факултет - Скопје. Во изминатиов период, Проф.д-р Владимир Георгиевски бил Претседател на Факултетскиот совет на Машинскиот факултет во Скопје 1984 -1986 год., Претседател на Извршниот одбор на Машинскиот факултет во Скопје 1986 -1988 год., Раководител на Институтот за заварување и заварени конструкции при Машинскиот факултет - Скопје во неколку  мандати од 1983 год., член на Сенатот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје 2000 - 2004 год., Претседател на Друштвото за заварување и контрола без разорување на РМ, 2000 - 2002 год. и др.

 Главен стручен и научен интерес му се носечките метални констукции (челични и алуминиумски), машинските материјали, испитувањето и контролата на заварените и други констукции. Од оваа област ја одржувал и наставата на додипломските и постдипломските студии на Машинскиот факултет во Скопје. Бил член на комисија и ментор на голем број (преку 100) дипломски работи, како и на повеќе магистерски и докторски (преку 30) работи од оваа област.

Учесник и/или раководител е на повеќе од 200 стручни и научни трудови од областа на носечките метални конструкции, материјалите, заварувањето и контролата и испитувањето на конструкциите.  Автор е на 3 основни универзитетски учебници и една збирка задачи од оваа област. Во 1990 год.  доделена му е наградата “13 Ноември” на град Скопје од областа на науката, за монографската книга “Лаке металне конструкције - просторни решеткасти системи”, издадена од познатата издавачка куќа за стручна и научна литература “Граѓевинска књига”  од Белград.

Под негово раководство изработени се поголем број главни проекти за носечки метални конструкции на: спортски сали, бензиски пумпи, индустриски хали, антенски столбови и др., кои се изведени во повеќе места и градови во Р.Македонија, како и голем број експертизи и стручни мислења од оваа област. При тоа, треба да се нагласи дека во голем број од реализираните проекти  Проф. д-р Владимир Георгиевски учествувал и како консултант и советник на Инвеститорот.

Проф. д-р Владимир Георгиевски во изминатиов период од 40 години учествувал во стручен тим или бил раководител и координатор при вршење суперконтроли (надзор) на голем број носечки метални конструкции на различни објекти (спортски и индустриски хали,  антенски столбови, жичарници и ски-лифтови, покривни конструкции на бензински пумпи и т.н.). Во текот на целиот овој период бил и редовен член и раководител на овластената техничка комисија за технички прегледи на жичарниците и ски-лифтовите во Р.Македонија.

Подетален преглед со кратка содржина и осврт кон стручните и научните трудови, соработката со стопанството и другите дејности на Проф. д-р Владимир Георгиевски се презентирани во рецензиите објавени во Билтените на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје при неговите избори и реизбори во звања, почнувајќи од асистентското во 1968 год., па се до редовен професор во 1988 год. и повторниот (доживотен) реизбор во истото звање во 2000 год.

Свечено отворање на Tempus Лабораториите

Свечено отворање на ТЕМПУС лабораториите за последипломски студии за моделирање, симулации и индустриски дизајн и маркетинг

 

На 19.12.2008 во просториите на Машинскиот факултет - Скопје свечено се отворени три нови лаборатории за постдипломски студии: две за моделирање и симулации и една за индустриски дизајн и маркетинг. Лабораториите се опремени со модерни работни станици, софтвери за моделирање и симулации, графички интерактивни уреди и друга најсовремена опрема. Наменети се за студентите на магистерските студии кои вклучуваат моделирање и нумерички симулациони програми како и за студентите на новововедените магистерски студии по индустриски дизајн и маркетинг.

Свеченоста ја отвори Проф. д-р. Атанас Кочов, декан на Машинскиот факултет, а потоа на присутните им се обратија, заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, Г-дин Ивица Боцевски и специјалниот претставник на Мисијата на Европската Унија во Република Македонија, Г-дин Ереван Фуере.

Координаторот на проектот TEMPUS-NSP-ME-19017 од Врије (Слободен) Универзитетот во Брисел, Проф. д-р Деан Вучиниќ и локалниот координатор на проектот од Машинскиот факултет во Скопје, Проф. д-р Милан Ќосевски ги презентираа основните цели и придобивки од реализацијата на проектот.  За значењето на  проектот TEMPUS MS-IDM 41128 зборуваа Проф. Клеменс Штубнер, координатор на проектот TEMPUS MS-IDM 41128 од Универзитетот за применети науки во Ахен и Проф. д-р Татјана Кандикјан, локалниот координатор на проектот од Машинскиот факултет во Скопје.

Проектот TEMPUS-NSP-ME-19017 се однесува на воведувањето на нумеричките симулациони програми во магистерските студии по машинско инженерство. Тој е поддржан од Европската комисија и е реализиран воглавно во соработка со Врије (Слободен) Универзитетот во Брисел, Институтот Б за механика од Универзитетот во Штутгарт и институциите Биро Веритас од Парис и VIKKI од Лондон. Новоотворените лаборатории располагаат со работните станици, поддржани со група на сервери кои формираат вкупно 22 CPUs (процесори) и 104 GB RAM меморија кои се наменети за интензивно (паралелно) процесирање. Со нивната примена за моделирање и симулации, реално, се создава можност за оформување на високо компетентни кадри кои ќе располагаат со современи знаења, со што се гарантира нивно брзо вработување и внесување во современите инженерски текови, како во домашните така и во светските реномирани компании.

Новите магистерски студии по индустриски дизајн и маркетинг на Машинскиот факултет во Скопје (TEMPUS-MS-IDM-41128), поддржани од Европската комисија преку програмата ТЕМПУС, се воведуваат во тесна соработка со Универзитетот за применети науки од Ахен, Германија, и Универзитетот во Марибор, Словенија, како и во директна соработка со реномираните глобални компании Џонсон Контролс од Буршајд, Германија, и Филипс од Ахен, Германија. Овие студии ќе им овозможат на студентите добивање на најсовремени знаења преку  предавања од странски и домашни реномирани професори, студентска размена, работа на заеднички проекти во претходно споменатите фирми во странство, како и користење на најсовремените алатки за индустриски дизајн во новоотворените лаборатории на Машинскиот факултет.

 

 

Macedonian

Tempus работилница Охрид 2008

Во рамките на семинарот Numerical Simulation Program in Mechanical Engineering одржан во Охрид од 26 до 30.10 2008 година свои излагања и презентации имаа доц. д-р Игор Ѓурков, Марија Каракутовска (канцеларија ТЕМПУС - МОН), проф д-р Деан Вучинич (Брисел), проф д-р Здравко Терзе (Штутгарт), проф д-р Хрвоје Јасак (Лондон), проф д-р Тодор Нешков (Софија), д-р Шиме Маленица (Париз), вон проф д-р Валентино Стојковски, доц д-р Зоран Марков и доц д-р Виктор Стојмановски.

Покрај ова, во рамките на овој семинар беа одбранети и две дипломски работи изработени од кандидатите Ролевски Ванчо и Арсов Дејан во соработка со Џонсон Контролс, а беше направена и кратка презентација на веќе одбранета дипломска работа од страна на Савев Душан дипл.маш.инж. Модератор и водител на семинарот беше проф. д-р Милан Ќосевски, а во текот на вчерашниот ден учесниците на семинарот ги поздрави деканот на Машинскиот факултет вон. проф. д-р Атанас Кочов.

 

 

Macedonian

Кузиновски Миколај

Photo: 
Academic ranks: 
In Memoriam
Основни податоци
Contact info: 

Машински факултет, Карпош II б.б., П. фах 464, 1000 Скопје, Република Северна Македонија

Phone: 
+389 (0)2 3099 257
Fax: 
+389 (0)2 3099 298
E-mail: 
mikolaj.kuzinovski@mf.edu.mk
Биографија
Биографија: 

Лични податоци:
Роден сум на 06.12.1956 во Легница, Полска

Образование:
1975-1980 Машински факултет, Скопје
1980-1986 магистратура, Машински факултет, Скопје
1987-1991 докторат, Машински факултет, Скопје (ментор од Вроцлавската Политехника во Полска)
Вработување:
1997- Вонреден професор, Машински факултет, Скопје
1992-1997 Доцент, Машински факултет, Скопје
1987-1992 Асистент, Машински факултет, Скопје
1981-1987 Помлад асистент, Машински факултет, Скопје
1980-1981 Професор, ЕМУЦ "Никола Тесла", Скопје

Страницате не постои

Страницата која ја барате не постои на овој сервер, привремено е недостапна или внесената адреса е погрешна.

Пробајте го следново:

  * Проверетe дали адресата во address bar-от е правилно внесена.
  * Отворете ја страницата www.new.mf.edu.mk и пронајдете го линкот до бараната информација.

 

 

 



 

Цели

 

Зборникот претставува референтно гласило на Машинскиот факултет во Скопје, во кое се објавуваат резултати од научната работа на Факултетот. Зборникот со кратки паузи излегува двапати годишно веќе 25 години и според принципот на размена се разменува со околу 40 високошколски установи во Европа.

 

Зборникот е регистриран како меѓународно списание под коден број ZTFSEH и свој ISSN (0351 - 6067) и со програмите на Универзитетската библиотека “св. Климент Охридски” од Скопје може да се пребарува по неговите содржини од сите делови на светот.

 

Во досегашниот период во Зборникот се објавуваа трудови главно од вработените на Машинскиот факултет во Скопје.

 

Активностите во Зборникот треба да се прошират со вклучување на уште повеќе реномирани научници и професори од други средини или со нивно ангажирање како постојани соработници, рецензенти, автори итн.

 

За Зборникот да може да биде читан и во другите средини кои не говорат македонски јазик, трудовите се објавуваат на англиски јазик со резиме на македонски.

 

Зборникот ќе продолжи да излегува од печат во предвидените термини (два пати годишно). Се надеваме дека наскоро ќе можеме да објавиме дека Зборникот ќе излегува четири пати годишно.

 

Зборникот се објавува и на веб страната на Машинскиот факултет каде се поместени комплетните содржини на Зборниците од 2002 година па наваму.

 

Сметаме дека се созреани условите Зборникот да прерасне од гласило на научните работници на Машинскиот факултет во Скопје, во гласило со поширок карактер, во кое свои трудови ќе објавуваат и други научни работници.

Јазик Macedonian
  • 383 reads

Pages

Наши проекти

Contact Us

University "St. Cyril and Methodius"

Faculty of Mechanical engineering - Skopje
Karpos II bb
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Tel:+ 389 2 3099-200
Fax:+ 389 2 3099-298

Follow us

Follow us on:

Gallery

Galerija       

       

Back to Top