Теми за дипломска работа за професионални студии

Webinar во соработка со APTIV

Почитувани студенти,

Ве покануваме на 2 webinar-а кои се организирани во соработка со компанијата APTIV.

Накратко за нив:

Тренинг цели: Зголемување на свесност за конкретните теми и нивната практична примена (основа за понатамошна дополнителна обука за сите заинтересирани)

Таргет групи: Студенти на МФС (најмногу 3-та и 4-та година од сите студиски програми, но може да се приклучат и другите студенти)

Времетраење:  60 минути (со простор за дискусија и прашања)

 

14.04 (вторник) во 14:00

Lean Enterprice: - Marjan Todorov (Operational Excellence Leader)

Линк за да се приклучите

 

15.04 (среда) во 14:00

SixSigma: Goran Tasevski (Production Quality Leader)

Линк за да се приклучите

 

Вклучувањето на овие сесии ќе се одвива исто како и на редовните часови организирани по предметите.

 

Чувајте го здравјето,

Деканат на МФС

РАБОТНО ВРЕМЕ

Почитувани,

Ве известуваме дека  студентската служба и архивата ќе работат од 10:00 до 13:00 часот секој работен ден.

Ве замолуваме заради намалување/избегнување на гужвата пред шалтерите, Вашите барања (за потврди, уверенија и слично) да ги испратите на следниот mail: studsl@mf.edu.mk

Секако дека ќе бидат услужени и оние студенти кои нивните барања ќе ги достават директно на шалтерот во посоченото време.

Со почит,

МФС целосно го префрла наставно образовниот процес online

Почитувани,

Сакаме да Ве известиме дека наставата на факултетот во следниот период ќе се одвива online. До сега истражувавме и тестиравме неколку системи. Како најсоодветна се покажа алатката Microsoft Teams од Office365 пакетот што веќе го користи Машинскиот факултет – Скопје.

За таа цел:

  1. Инсталирајте ја алатката Microsoft Teams. Туториал
  2. Креирајте @students.mf.ukim.mk e-mail адреса, доколку не сте го направиле тоа до сега, комплетен линк со сите упатства и видеа  или PDF
  3. Следете ги упатствата од професорите за како да се одвива наставата по секој предмет
  4. Проверувајте маил почесто

Ви посакуваме успешна работа.

 

СООПШТЕНИЕ УКИМ

Во врска со препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, како и врз основа на препораките на Владата на Република Северна Македонија и другите овластени органи во државата, за заштита на населението од вирусот Ковид-19 и за превенција од ширење на вирусот, Централната стручна и административна служба – Ректорат на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје воведува нов времен режим на работа со странки.

Ги замолуваме сите единици во состав на УКИМ, како и сите граѓани кои имаат потреба од контакт со Ректоратот на УКИМ да не контактираат на:

02 3293 293

ukim@ukim.edu.mk

http://ukim.edu.mk/

️Сите хартиени барања и документи да се доставуваат електронски на адресите на раководителите на одделенијата:

На линкот, во менито Органи и тела на УКИМ, во подменито Стручна служба се дадени електронските адреси на сите раководители на одделенијата.

Средбите и состаноците ќе се одржуваат телефонски.

Ви благодариме на разбирањето, заедно да придонесеме во зачувување на јавното здравје!

 

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ !!!

Почитувани,

Согласно заклучоците на Комисијата за заразни болести и одлуката на Владата на Република Северна Македонија, Ве информираме дека на Машински факултет – Скопје нема да се одржува настава во следните 14 дена, почнувајќи од 11.03.2020 година

Во наредните 14 дена Ве молиме континуирано да ја следите веб-страницата на Факултетот и Вашите e-mail адреси каде што ќе бидете информирани за сите дополнителни информации кои се однесуваат на оваа одлука.

Со почит, Деканат

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ

Се замолуваат сите студенти на Машински факултет - Скопје, да постапат согласно НАСОКИТЕ НА ВЛАДАТА ЗА ИТНО ПОСТАПУВАЊЕ кои се во прилог и да ги достават бараните податоци до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

 
Со почит, Деканат
Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Pages

Наши проекти

Contact Us

University "St. Cyril and Methodius"

Faculty of Mechanical engineering - Skopje
Karpos II bb
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Tel:+ 389 2 3099-200
Fax:+ 389 2 3099-298

Follow us

Follow us on:

Gallery

Galerija       

       

Back to Top