Теми за дипломска работа за професионални студии

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРВ СВЕЧЕН ЧАС ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ПРВА ГОДИНА ВО УЧЕБНАТА 2020/21

Почитувани студенти,

Ве информираме дека првиот свечен час на Машинскиот факултет во Скопје ќе се одржи на 01.10.2020 ( четврток ) од 10 часот на платформата Microsoft Teams.

На првиот свечен час можете да се приклучите со директно кликнување на линкот во продолжение:

https://teams.microsoft.com/l/meetup-join/19%3a37cc9c7c32c4467fbdfcac7e533e6eba%40thread.tacv2/1601458585824?context=%7b%22Tid%22%3a%22baa1e52e-d19c-49d7-a4ad-d5b23a1ce1b6%22%2c%22Oid%22%3a%226083e2fd-d77c-4ab8-8153-41691a99a2d9%22%7d

Ве замолуваме да се најавите на линкот 10 минути порано.

Со првиот свечен час ќе се одбележи почетокот на новата учебна година за новозапишаните студенти на Факултетот.


Д   е   к   а   н
Проф. д-р Дарко Данев, с.р.

 

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

СООПШТЕНИЕ ЗА ПОЧЕТОК СО НАСТАВА ВО УЧЕБНАТА 2020/21

Почитувани студенти,

Наставата во зимскиот семестар од учебната 2020/2021 ќе започне на 5.10.2020 (понеделник) година.
Часовите за предавања и вежби ќе се одвиваат online преку платформата Microsoft Teams, според распоредот на часови кој е објавен на web страната на Факултетот.

Скопје, 30.09.2020                        Од Деканатот на МФС

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Програма за стипендии на германското стопанство за 2021 година

Почитувани партнери, пријатели, соработници,

 

ни претставува голема чест да Ве информираме дека Одборот на германското стопанство за источните земји и  Делегацијата на германското стопанство во Северна

Македонија ја спроведуваат програмата за стипендии на Германското стопанство за 2021 година. Целта на оваа програма е да обезбеди практична работа за квалификувани кандидати од Северна Македонија во најуспешните германски компании, во период од 3 до 6 месеци. Оваа програма е поддржана од Владата на Сојузна  Република Германија, која воедно ги покрива и трошоците за спроведување на истата. Праксата во компаниите започнува на 01 јули 2021!

 

МКD 2021 Internship Programme of German Business

 

Промотивен материјал 2021 Internship Programme of German Business

 

Во прилог Ви ги испраќаме основните податоци кои треба да бидат задоволени од потенцијалните кандидати, рокот на пријавување е заклучно до 16. ноември 2020 година на следната интернет страница:

https://www.djindjic-stipendienprogramm.de/

 

Студенти - Тип на содржина: 
stipendii

Упатство за виртуелен ред на чекање

Системот за виртуелен ред на чекање е наменет за издавање на број во редот на чекање за услугите на Студентска служба со цел на одбегнување на групирање на повеќе лица пред шалтерите.

Системот ги става на листа на чекање пријавите направени на тековниот датум. Земените броеви од претходни денови не ги зема во листа за тековниот ден.

Аналогија на системот е земањето на број кога сте во банка или некој од салоните на телеком оператерите.

Ако не сте присутни а сте на ред за услужување бројот се губи и ќе мора да побарате нов.

Системот е составен од два дела:

  • апликација за добивање на реден број на редот (MFS Queue)
  • апликација за следење на статусот на редот на чекање

 

За да се добие број во редот на чекање отворете ја WEB формата и на tab-от Закажување на термини внесете го:

  • бројот на индексот и
  • официјалната e-mail адресата добиена од факултетот од типот (e-mail адреси од други domain-и (gmail, yahoo, outlook...) освен доле наведените нема да бидат прикажани на листата на чекање):

ime.prezime@students.mf.ukim.mk

или

incijalibrojnaindeks@student.mf.edu.mk

 

 

На копчето Continue се отвора форма (Преглед и исправка) на која ги прегледувате внесените податоци и по потреба ги поправате (Edit-ирате)

 

Ако се податоците во ред на следното притискање на копчето Continue Ви се праќа e-mail и се отвара страна со порака за успешно процесирано барање и линк на кој можете да го следите редот на чекање и вашата позиција во него:

 

Пример на содржина на e-mail пораката која системот ви ја праќа:

 

На линкот од e-mail-от и/или линкот Кликнете овде од tab-от Благодариме, се отвора страна на која следите каде се наоѓате во редот на чекање.

Во примерот на сликата студентот со реден број 61 се наоѓа на шалтерот и во моментот се услужува.

Студентите со реден број на чекање 62, 63 и 64 треба да се наоѓаат пред шалтерот на сооветна оддалеченост,

а останатите со реден број 65 и надоле чекаат на друга локација.

Редот на чекање се освежува на секои 15 секунди.

Студентска служба на МФС.

Упатство за виртуелен ред на чекање - Студенска служба

Системот за виртуелен ред на чекање е наменет за издавање на број во редот на чекање за услугите на Студентска служба со цел на одбегнување на групирање на повеќе лица пред шалтерите.

 

Системот е составен од два дела:

  • апликација за добивање на реден број на редот (MFS Queue)
  • апликација за следење на статусот на редот на чекање

 

За да се добие број во редот на чекање отворете ја WEB формата и на tab-от Закажување на термини внесете го:

  • бројот на индексот и
  • официјалната e-mail адресата добиена од факултетот од типот:

ime.prezime@students.mf.ukim.mk

или

incijalibrojnaindeks@student.mf.edu.mk

 

 

На копчето Continue се отвора форма (Преглед и исправка) на која ги прегледувате внесените податоци и по потреба ги поправате (Edit-ирате)

 

Ако се податоците во ред на седното притискање на копчето Continue Ви се праќа e-mail и се отвара страна со порака за успешно процесирано барање и линк на кој можете да го следите редот на чекање и вашата позиција во него:

 

На линкот од e-mail-от и/или линкот Кликнете овде од tab-от Благодариме, се отвора страна на која следите каде се наоѓате во редот на чекање.

Во примерот на сликата студентот со реден број 61 се наоѓа на шалтерот иво моментот се услужува.

Студентите со реден број на чекање 62, 63 и 64 треба да се наоѓаат пред шалтерот на сооветна оддалеченост,

а останатите со реден број 65 и надоле чекаат на друга локација.

Редот на чекање се освежува на секои 15 секунди.

Студентска служба на МФС.

Соопштение за вонредна септемвриска испитна сесија во учебната 2019/20

Вонредната септемвриска испитна сесија од учебната 2019/2020 година, ќе се организира само за наставните предмети за кои ќе бидат поднесени пријави за полагање на испитите, за најмногу 2 предмети, и тоа:

  • или 2 предмети од зимски семестар,
  • или 2 предмети од летен семестар,
  • или 1 предмет од зимски и 1 предмет од летен семестар;

- пријавувањето и полагањето на испитите ќе се врши без плаќање надоместок;

Пријавувањето во електронска форма е ЗАДОЛЖИТЕЛНО и ќе се врши преку следниот формулар (пополнет со кирилично писмо)  во период од 21.09.2020 до 27.09.2020

Испитната сесија ќе се спроведе на 30.09.2020 (среда) и 01.10.2020 (четврток)

Термините за полагање на испитите ќе бидат објавени на 29.09.2020 на web страната на МФС.

Напомена: Пријавите нема да се заверуваат од страна на студентската служба, туку директно ќе се доставуваат до предметните наставници, на денот на  испитот.

Пријавите за предметите кои ќе се полагаат со физичко присуство се предаваат заедно со тетратката, додека за предметите кои ќе се полагаат online студентите се должни пријавите да ги достават во сандачињата на втори кат најдоцна до 29.09.2020.

Скопје, 21.09.2020                                                                                           Деканат на МФС

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Pages

Наши проекти

Contact Us

University "St. Cyril and Methodius"

Faculty of Mechanical engineering - Skopje
Karpos II bb
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Tel:+ 389 2 3099-200
Fax:+ 389 2 3099-298

Follow us

Follow us on:

Gallery

Galerija       

       

Back to Top