Системот за виртуелен ред на чекање е наменет за издавање на број во редот на чекање за услугите на Студентска служба со цел на одбегнување на групирање на повеќе лица пред шалтерите.
Системот е составен од два дела:
- апликација за добивање на реден број на редот (MFS Queue)
- апликација за следење на статусот на редот на чекање
За да се добие број во редот на чекање отворете ја WEB формата и на tab-от Закажување на термини внесете го:
- официјалната e-mail адресата добиена од факултетот од типот:
ime.prezime@students.mf.ukim.mk
или
incijalibrojnaindeks@student.mf.edu.mk

На копчето Continue се отвора форма (Преглед и исправка) на која ги прегледувате внесените податоци и по потреба ги поправате (Edit-ирате)

Ако се податоците во ред на седното притискање на копчето Continue Ви се праќа e-mail и се отвара страна со порака за успешно процесирано барање и линк на кој можете да го следите редот на чекање и вашата позиција во него:

На линкот од e-mail-от и/или линкот Кликнете овде од tab-от Благодариме, се отвора страна на која следите каде се наоѓате во редот на чекање.
Во примерот на сликата студентот со реден број 61 се наоѓа на шалтерот иво моментот се услужува.
Студентите со реден број на чекање 62, 63 и 64 треба да се наоѓаат пред шалтерот на сооветна оддалеченост,
а останатите со реден број 65 и надоле чекаат на друга локација.
Редот на чекање се освежува на секои 15 секунди.

Студентска служба на МФС.