Теми за дипломска работа за професионални студии

STRASS - Шести повик

Оглас за набавка на услуги за потреби на проектот

Safe Cross-Border Transportation of Hazardous Materials: Orphan Radioactive Sources (STRASS)

  • Рок за аплицирање до 12.10.2021 година

Оглас за набавка на услуги од експерт

за потребите  на проектот Safe Cross-Border Transportation of Hazardous Materials: Orphan Radioactive Sources (STRASS)”

Машинскиот факултет при УКИМ Скопје.

 Огласот е отворен до 12.10.2021 година.

Референтен број: CN1-S.O 2.1-SC006/TD6

Машинскиот факултетот при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје објавува:

ПОКАНА

ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДА ЗА НАБАВКА

на услуги  за потребите на проектот Safe Cross-Border Transportation of Hazardous Materials: Orphan Radioactive Sources (STRASS)”

 

Предмет на набавката:

Набавка на услуги од експерт

Набавката ќе се спроведе во согласност со PRAG правилата за доделување на договор за јавни набавки на Европската Комисија. Комплетната тендерска документација е достапна во електронска форма на веб страната на Факултетот и може да ја превземете од  тука

 Истата содржи:

A. Инструкции за понудувачите

B. Драфт договор со посебни услови и анекси:

  1. Општи услови на договорот за јавна набавка
  2. Посебни услови
  3. Анекс i: основни услови
  4. Анекс ii+iii: техничка спецификација + техничка понуда ( според потребите на проектот)
  5. Анекс iv: финансиска понуда
  6. формулари

C. Други информации:

  1. Извештај за усогласеност на документи
  2. Извештај од евалуација на понудите

D. Образец на понуда, изјава за лична состојба, изјава за независна понуда и изјава за сериозност на понудата

Подетални информации за начинот на спроведување на постапката за јавна набавка на услуги од надворешни експерти се содржани во Прирачникот за спродевање на постапки за јавни набавки на Европската комисија или the Practical Guide and its annexes (PRAG), на следниот линк: http://ec.europa.eu/europeaid/prag/document.do.

Однапред Ви благодариме на соработката и очекуваме да ја добиеме вашата понуда пред крајниот рок утврден во точка 2 од Инструкциите за понудувачите. Ве молиме да ја испратите на адресата и според барањата дадени во точка 10. Со поднесување на понуда ќе прифатите да добиете известување за исходот на постапката по електронски пат.

 

Скопје, 01.10.2021

Прв свечен час

Почитувани студенти,

првиот час на Машинскиот факултет-Скопје ќе се одржи во петок 01.10 2021 на платото пред новата зграда на Машински факултет-Скопје (означена на мапата подолу).

Распоредот на одржување на првиот час е следен:

  1. Студентите од насоките Моторни возила, Транспорт механизација и логистика и Индустриски дизајн од 11 часот
  2. Студентите од насоките Индустриско инженерство и менаџмент, Материјали, процеси и иновации и Производно инженерство од 12 часот
  3. Студентите од насоките Автоматизација и управувачки системи, Енергетика и екологија, Термичко инженерство, Хидраулично енергетско инженерство и Мехатроника во 13 часот.

Ве молиме да се придржувате до термините , бидејќи групите се предвидени со максимално дозволен број на присутни, така што не би можеле да дозволиме мешање на термините.

При пристигнувањето во дворот на Машински факултет-Скопје ќе Ве пречекаат Менторите по соодветните насоки кои ќе носат беџови со ознаките на факултетот, личното име и насоката на која што се ментори. Тие се задолжени да Ви помогнат во ориентацијата низ кампусот.

Ве молам да не влегувате во зградите, туку по пристигнувањето да се упатите на локацијата предвидена за првиот час.

На првиот час ќе ги добиете индексите, но земајќи ја во предвид тековната ситуација со пандемијата, присуството е пожелно но нема да биде задолжително. Студентите што нема да ги подигнат индексите на првиот час ќе бидат дополнително известени за  начинот на подигање на индексите.

П.С. Ја следиме активно временската прогноза, но земајќи во предвид дека првиот час е предвиден да се одржи на отворено, не можеме со сигурност да предвидиме дека нема да заврне, поради што Ве замолуваме со Вас да си носите некаква заштита од дожд.

Со почит

Дарко Бабунски, продекан за наставна дејност

во име на

Деканатот на Машински факултет-Скопје

 

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Pages

Наши проекти

Contact Us

University "St. Cyril and Methodius"

Faculty of Mechanical engineering - Skopje
Karpos II bb
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Tel:+ 389 2 3099-200
Fax:+ 389 2 3099-298

Follow us

Follow us on:

Gallery

Galerija       

       

Back to Top