Теми за дипломска работа за професионални студии

WUS-Апликација за грант за практикантска работа

Почитувани студенти во прилог на ваше внимание ви ја претставуваме Sur-Place Scholarship програмата за Практикантска работа во компанија по ваш избор. Доколку сте во последната фаза од вашите дипломски и магистерски студии оваа Програма е за вас.

Ние ви нудиме:

  • Обуки како да ја пронајдете вашата работа од соништата (креирање CV,Motivation Letter и вашето прво интервју).
  • 15.000 денари за период од 3-6 месеци
  • Секаков вид на консултации за Практикантска работа и отварање на свој бизнис

На располагање се 50 стипендии за 50 студенти (предност ќе имаат оние кои ќе приложат најдоби апликации и оние кои доаѓаат од семејства со ниски приходи).

За повеке информации можете да не исконтактирате на northmacedonia@wusgermany.de или на 072 227 940, на следниов линк кон флаерот:

Студенти - Тип на содржина: 
praksi

PROMETHEUS - Интернационален стартап натпревар 2022

PROMETHEUS - Интернационален стартап натпревар 2022

Во рамки на проектот PROMETHEUS (https://hei-prometheus.eu/), финансиран од страна на Европската Унија, како дел од ЕИТ иницијативата за високообразовни институции каде учествува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се организира PROMETHEUS Интернационален стартап натпревар 2022.      

Право на учество  на натпреварот имаат студенти и истражувачки тимови, индивидуално или во тимови.

Предлозите за бизнис идеи се поднесуваат во една од следните тематски области:

Дигитална трансформација

Биоекономија

Циркуларна економија

Климатски промени

Паметно (Smart) производство

Одржлив развој

Заштита на животната средина

 

Детални информации за условите и наградите на следниот ЛИНК и преку страницата на натпреварот:

https://hei-prometheus.eu/entrepreneurship-acceleration-platform/the-competition/

Важни датуми:

Краен рок за поднесување идеи на натпреварот (прва фаза):   31 јули 2022


Информации за PROMETHEUS натпреварот, мрежата и алатките на

2nd online #InformationDay, 8.06.2022, 16:00 – 18:00, Зоом линк  https://lnkd.in/ebdJZqe7

Ден за каериерен развој 7 јуни 2022

Почитувани студенти,

Со големо задоволство ви го најавуваме целодневниот настанДЕН ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ“  во оргaнизација на УКИМ и THRIVITY!

На 07.06.2022 со почеток од 10:00 до 18:00 часот на платото на УКИМ, повеќе од 25 компании ќе имаат можност да ви ги презентираат своите можности за вработување и практикантство за време и по завршувањето на студиите.

Настанот ќе биде интерактивен, организиравме панел дискусии и кратки мотивациски обраќања со цел да ве инспирираат, насочат и да ви помогнат во вашиот иден кариерен развој.

Дополнително имаме штандови за подготовка на професионално CV организирано од THRIVITY, можност за непосреден разговор и кариерно насочување од Асоцијацијата на кариерни советници, директна комуникација со релевантни претставници на компаниите учесници, како и, зона за забава и освежување (организирана од Coca Cola).

За време на настанот за добрата атмосфера ќе се погрижат повеќе диџеи.

Агенда на настанот

09:30     Пристигнување на компаниите и нивно сместување

10:00     Пристигнување на студенти и други поканети гости

10:30     Отворање на настанот и кратко претставување на агендата на главна бина

  • Обраќање на ректор
  • Обраќање на раководителот на Центарот за кариера на УКИМ
  • Обраќање на претставник од THRIVITY

11:00     Заедничка обиколка на организаторите и говорниците на сите штандови

11:30     Панел дискусија #1 (Тема: Важноста на практиканството и подготовка за прво вработување на студентите)

12:10     Музички сет #1   

12:30     Мотивациски говор # 1  (COO Sensile Medical Switzerland:  Инспирација за вработување – глобална отвореност на пазарот на труд  Inspiration for employment – globally open labor market)

13:00     Панел дискусија #2 (Хибридни професии – новата реалност за младите и за компаниите) Асоцијација на кариерни советници

13:30     Музички сет #2

14:30     Мотивациски говор #2 (Развој на компетенции – мостот помеѓу формалното образование и барањата на компаниите) Активатор

14:45     Музички сет #3

15:30     Мотивациски говор #3 (Кариерно советување во високото образование – позитивни светски практики) проф. д-р Софија Георгиевска

15:50     Музички сет #4

Компании кои ќе учествуваат на настанот

Алкалоид, Раде Кончар, Филип Морис, Реплек, Скопска Пивара, Еуроникел, Мак Прогрес, ПроКредит Банка, Халк Банка, Шпаркасе Банка, Лакталис, Geresheimer, Индитекс, Van Hool, Slice, TaskForce, Нелт, Вива сокови, Веста дрогерија, Рамстор, Адинг, Џонсон Мети, DS Smith, Тиквеш, Макстил

Се гледаме на 7ми јуни на платото пред УКИМ!

 

Интерен оглас за унапредување

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Pages

Наши проекти

Contact Us

University "St. Cyril and Methodius"

Faculty of Mechanical engineering - Skopje
Karpos II bb
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Tel:+ 389 2 3099-200
Fax:+ 389 2 3099-298

Follow us

Follow us on:

Gallery

Galerija       

       

Back to Top