Теми за дипломска работа за професионални студии

ПОСЕТА НА КОГЕНЕРАТИВНА ТЕРМОЕНЕРГЕТСКА ПОСТРОЈКА ТЕ-ТО АД СКОПЈЕ

ПОСЕТА НА КОГЕНЕРАТИВНА ТЕРМОЕНЕРГЕТСКА ПОСТРОЈКА ТЕ-ТО АД СКОПЈЕ
од страна на студентите на студиската програма Енергетика и Екологија

На ден 23.12.2022 година студентите на студиската програма Енергетика и Екологија на прв циклус студии, трета година на студии, направија посета на когенеративната постројка ТЕ-ТО АД Скопје. Посетата беше организирана од страна на асистент м-р Моника Улер-Зефиќ, а реализирана од страна на Сашо Димковски, раководител на производство во ТЕ-ТО, дипломиран машински инженер. На почетокот на посетата студентите беа запознаени со историјатот за постројката, годината на изградба, реализацијата на процесот, учеството на фирми и изведувачи, временскиот период на изградба. Понатаму, презентирани беа технички податоци за секој дел од опремата која се наоѓа во склоп на производниот процес, вклучувајќи податоци за котелската постројка, гасната турбина, парната турбина, напојниот резервоар со деаераторот, ладилните кули, станицата за третман на отпадните води. Како задолжителен дел од секоја посета во фирмата спроведено беше запознавање на студентите со значењето на безбедноста при посета на оваа инсталација и како треба да се внимава на истата, односно потребна заштитна опрема која се користи при влез во одредени секции од постројката, значење на знаците кои се поставени низ теренот, мапа на локацијата, рути на движење и зборни места во случај на евакуација. По реализација на теоретскиот дел на посетата беше пристапено кон теренска посета на локацијата и разгледување на секоја секција од целиот склоп на термоенергетската постројка кои беа наведени погоре. На крај, на студентите им беше дадена можност да пристапат во просторијата за мониторинг, во која е сместен SCADA системот со кој се прави моментално и континуирано следење на параметрите и перформансите на постројката, системите за безбедност и заштита на опремата, системите за мерење на емисии во воздухот. Објаснет им беше процесот на планирање на побарувачката и производството на електрична енергија на национално ниво. Во текот на посетата студентите имаа можност да се запознаат со начинот на функционирање на една когенеративна термоенергетска постројка и да го надополнат теоретското знаење со практичен пример од индустријата

Натпревар за инженерски и менаџмент вештини

Пријавете се на Натпреварот за инженерски и менаџмент вештини кој под покровителство на KOSTAL, а во оргaнизација на Машинскиот факултет и ESTIEM – LG Скопје, ќе се одржи на 21.12.2022 г. (СРЕДА) во просториите на компанијата во Охрид.

Повеќе информации

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Избори 2022 година

Одлука за избор на членови и претседател на ФСС - МФС

Првични резултати од изборите за избор на членови и претседател на ФСС на МФС, одржани на 28 декември 2022 година

Одлука за констатирање кандидати за членови и претседател на ФСС

Процедура за гласање

Упатство за спроведување избори 2022

ИЗЈАВА за кандидатура за ЧЛЕН на Факултетското студентско собрание на Машинскиот факултет во Скопје

ИЗЈАВА за кандидатура за ПРЕТСЕДАТЕЛ на Факултетското студентско собрание на Машинскиот факултет во Скопје

ПРИЈАВА - ПРЕДЛОГ на кандидат за ЧЛЕН на Факултетското студентско собрание на Машинскиот факултет во Скопје

ПРИЈАВА - ПРЕДЛОГ на кандидат за ПРЕТСЕДАТЕЛ на Факултетското студентско собрание на Машинскиот факултет во Скопје

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ за изборите за членови и претседател на Факултетско студентско собрание на Машинскиот факултет во Скопје

СООПШТЕНИЕ за термини за предлагање на кандидатите за членови и Претседател на Факултетското студентско собрание на собири по студиски програми

Одлука за распишување избори за членови на Факултетското студентско собрание

Отворен ден 02.12.2022

Повелете на Машински факултет – Скопје на 02.12.2022 година,

Заедно да ги погледаме можностите што ги нуди нашиот факултет.

I група 10.00 – 12.00 часот

II група 12.00 – 14.00 часот

Пријавете се на следниот линк - https://forms.office.com/e/vJMR4Yp6v7

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!!!

Стипендии од LTH Learnica

Можност за стипендии од LTH Learnica. Рок за аплицирање: 31.11.2022.

Повеќе информации на следниот линк.

Студенти - Тип на содржина: 
stipendii

Pages

Наши проекти

Contact Us

University "St. Cyril and Methodius"

Faculty of Mechanical engineering - Skopje
Karpos II bb
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Tel:+ 389 2 3099-200
Fax:+ 389 2 3099-298

Follow us

Follow us on:

Gallery

Galerija       

       

Back to Top