ПОСЕТА НА КОГЕНЕРАТИВНА ТЕРМОЕНЕРГЕТСКА ПОСТРОЈКА ТЕ-ТО АД СКОПЈЕ

ПОСЕТА НА КОГЕНЕРАТИВНА ТЕРМОЕНЕРГЕТСКА ПОСТРОЈКА ТЕ-ТО АД СКОПЈЕ
од страна на студентите на студиската програма Енергетика и Екологија

На ден 23.12.2022 година студентите на студиската програма Енергетика и Екологија на прв циклус студии, трета година на студии, направија посета на когенеративната постројка ТЕ-ТО АД Скопје. Посетата беше организирана од страна на асистент м-р Моника Улер-Зефиќ, а реализирана од страна на Сашо Димковски, раководител на производство во ТЕ-ТО, дипломиран машински инженер. На почетокот на посетата студентите беа запознаени со историјатот за постројката, годината на изградба, реализацијата на процесот, учеството на фирми и изведувачи, временскиот период на изградба. Понатаму, презентирани беа технички податоци за секој дел од опремата која се наоѓа во склоп на производниот процес, вклучувајќи податоци за котелската постројка, гасната турбина, парната турбина, напојниот резервоар со деаераторот, ладилните кули, станицата за третман на отпадните води. Како задолжителен дел од секоја посета во фирмата спроведено беше запознавање на студентите со значењето на безбедноста при посета на оваа инсталација и како треба да се внимава на истата, односно потребна заштитна опрема која се користи при влез во одредени секции од постројката, значење на знаците кои се поставени низ теренот, мапа на локацијата, рути на движење и зборни места во случај на евакуација. По реализација на теоретскиот дел на посетата беше пристапено кон теренска посета на локацијата и разгледување на секоја секција од целиот склоп на термоенергетската постројка кои беа наведени погоре. На крај, на студентите им беше дадена можност да пристапат во просторијата за мониторинг, во која е сместен SCADA системот со кој се прави моментално и континуирано следење на параметрите и перформансите на постројката, системите за безбедност и заштита на опремата, системите за мерење на емисии во воздухот. Објаснет им беше процесот на планирање на побарувачката и производството на електрична енергија на национално ниво. Во текот на посетата студентите имаа можност да се запознаат со начинот на функционирање на една когенеративна термоенергетска постројка и да го надополнат теоретското знаење со практичен пример од индустријата

Наши проекти

Contact Us

University "St. Cyril and Methodius"

Faculty of Mechanical engineering - Skopje
Karpos II bb
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Tel:+ 389 2 3099-200
Fax:+ 389 2 3099-298

Follow us

Follow us on:

Gallery

Galerija       

       

Back to Top